Млада девојка истовремено води битка со рак и е успешен модел

Никогаш не знаете што ќе ви донесе животот и никогаш не е лесен, ниту едноставен, но важно е како ќе одлучите да реагирате на препреките. Важно е што навистина сакате да постигнете и да извлечете.

25-godishna-devojka-se-bori-so-rakot-no-toa-ne-ja-sprecilo-da-se-zanimava-so-manekenstvo-01.jpg

Една 25-годишна девојка од Ворвик, Њујорк одлучила без оглед на тоа што се бори со тешка болест, да продолжи да живее исполнет живот.

Диана Кристинсон имала само 22 години кога дознала дека боледува од малиген рак именуван како Хочкин лимфом од четврти степен.

„Само што дипломирав и се обидував да откријам кој е следниот чекор во мојот живот“ – вели Кристинсон.

Изминатите три години за неа значеле борба со болеста, хемотерапија и две трансплантации на коскена срж. Но, и покрај сите тие негативни работи во нејзиниот живот, таа се одлучила да продолжи понатаму и да се занимава со манекенство.

Моментално работи за една глобална модна агенција Major Models. Досега била дел од 6 шоуа и неколку рекламни кампањи.

За оваа професија е одлучила откако еден нејзин пријател ја замолил да ја фотографира за неговото портфолио.

Најголемиот проблем со кој се соочила била ќелавоста.

„Немав можност да откријам други модели кои се без коса и тоа понекогаш правеше да се чувствувам неудобно. Но, многу жени ме поттикнуваа со своите зборови да продолжам понатаму“ – објаснува таа.

Сега се надева дека ќе претставува инспирација за бројни луѓе кои се борат со ракот.

„Тоа што се соочувате со потешкотии во животот не значи дека треба да престанете да го живеете и да се откажете од вашите соништа“ – заклучува Кристинсон.

Би можело да ве интересира:

„95% од моето тело е со псоријаза, порано се срамев, но никогаш повеќе нема да ја кријам кожата“ Една девојка храбро го сподели своето искуство за животот со тешка псоријаза, ко...
Објавени првите фотки од божиќната магија во Галерија Лафајет во Париз: „Дедо Мраз годинава е страше... Огромна елка направена од кристали во форма на спирала и Дедо Мраз со несекојдне...
74-годишна жена критикувана за стилот на облекување: „Не ти личи на годините да носиш бикини“ „Не сме невидливи. Се облекувам како сакам за мојата возраст“ - 74-годишната Кол...
„Доживеав клиничка смрт кога се породував – ја видов баба ми која почина пред 10 години“ Стефани од САД била мртва 37 секунди, видела како лекарите ја оживуваат, а потоа...
Мајка ѝ не знаела дека ќе го намалува желудникот: Детали за смртта на Британката заради која авион п... Млада Британка почина во болница во Србија, по компликации од операција за намал...
Девојче (9) со деменција ги губи сеќавањето и способноста за говор – Родителите сакаат да ѝ исполнат... Кејтлин од Англија има девет години и води битка со деменција. Постепено ќе го и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg