Би седнале ли на пенис? Контроверзна кампања против сексуалното насилство (видео)

Вистински шок и помешани чувства меѓу патниците во метрото на мексиканската престолнина предизвика столчето во облик на машко торзо и со пенис на седиштето.

bi-sednale-li-na-penis-shokantna-kampanja-protiv-seksualnoto-nasilstvo-video-1_copy.jpg

Мексиканското градско метро преку ноќ пропатува низ сите краеви на светот, благодарение на „седиштето со пенис“ , вградено во еден од возовите. Не е во прашање никаква невкусна шега, туку наменски детаљ во склоп на  кампањата против сексуалното насилство врз жените.

bi-sednale-li-na-penis-shokantna-kampanja-protiv-seksualnoto-nasilstvo-video-2_copy.jpg

Седиштето е „резервирано“ само за припадниците на посилниот пол, а веднаш до него, пак, на подот е достапно следното објаснување за патниците:

Неудобно е да седите на ова столче, но таа непријатност не е ништо во споредба со сексуалното насилство од кое страдаат жените во секојдневниот живот.

bi-sednale-li-na-penis-shokantna-kampanja-protiv-seksualnoto-nasilstvo-video-3.jpg

Воедно, акцијата е и апел дека секој патник има право на достоинствен третман во јавниот превоз, без неумесни дофрлувања, допири или било каков облик на недолично однесување.

bi-sednale-li-na-penis-shokantna-kampanja-protiv-seksualnoto-nasilstvo-video-4.jpg

Кампањата привлече огромно внимание, што е добра вест, ако тоа подразбира и дека поголем број на луѓе ќе станат свесни за шокантната статистика. Дури 9 од 10 жени во Мексико, секојдневно се изложени на некаков вид на сексуално вознемирување, а метроата не се исклучок.

bi-sednale-li-na-penis-shokantna-kampanja-protiv-seksualnoto-nasilstvo-video-5_copy.jpg

Сепак, мислењата се поделени. Генијален или бизарен потег?

Погледнете го видеото и донесете свој заклучок.

https://www.youtube.com/watch?v=7RWWLbg8tuE

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Змија ги исплаши патниците во авион во Тајланд, стјуард едвај успеа да ја фати Вистинска драма се случувала на летот од Бангкок до островот Пукет во Тајван, ко...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проект... Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Араби...
Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“ „Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, ...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg