Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Потрошила 100.000 долари за целосно розова куќа, собата на Кен е за брат ѝ – Која е бразилската Барби?

Буквално секој дел од нејзиниот дом е обоен во розова боја, само една соба е во сина боја и таа му припаѓа на Кен, кој привремено е нејзиниот брат, а за себе вели дека има 61 година, колку што всушност постои брендот Барби - која е Бразилката која живее во светот на омилената кукла од детството?

potroshila-100-000-dolari-za-celosno-rozova-kukja-sobata-na-ken-e-za-brat-i-koja-e-brazilskata-barbi-01.jpg

За Бразилката Бруна Каролина Перез сонот на малите девојчиња е реалност и таа се буди секое утро во својата розова куќа, розова соба, постелнина во стилот на Барби и слатки пуфкасти перничиња со ликот на својот идол во розови сатенски пижами во нејзината куќа на плажа... И да, куќата е целосно розова!

Како што самата се нарекува Бруна Барби е дигитален инфлуенсер од бразилскиот град Куритиба со над 12 милиони следбеници на ТикТок и 2,4 милион на Јутјуб каде ја споделува својата дневна рутина имитирајќи го стилот на најпознатата играчка во светот.

Позната е и на Инстаграм со над 300 илјади следбеници на кои им се допаѓаат нејзините розови креации. На социјалните мрежи покрај видеата од нејзината дневна рутина, таа објавува и туторијали за шминка и мода, како и совети за убавина и вежбање освојувајќи следбеници и фанови од сите возрасти.

View this post on Instagram

A post shared by Bruna Barbie 🎀 (@brunabarbieoficial)

Инспирирана од Барби таа со својот стил на живот и стајлинг има освоено десетина награди меѓу кои и Miss Barbie Universe, Youtube Barbie и Miss Barbie Brasil.

За бразилските медиуми таа има изјавено дека веќе не се организираат натпревари за Барби за возрасни, туку само за деца, па затоа сега таа има функција на амбасадор и секако, инспирација за малите љубителки на барбиките.

zapoznajte-ja-brazilskata-barbi-i-nejziniot-rozev-svet-04_630x650.jpg

За својот розов дом во стилот на познатата Малибу куќа на Барби, Бруна има потрошено 500.000 реали или околку 100.000 долари.

Исто како и на Барби, и нејзиниот дом е на плажа. Во него сè е во стилот на познатата кукличка, од нејзината облека до кујнските апарати, садови и покуќнина, постелнина и завеси, декорациите низ собите, базенот, па дури и на оброците кои таа ги подготвува не им недостасува розова боја.

Бруна Барби открива дека било тешко да се најдат сите материјали за нејзиниот розов дом, па затоа има многу рачни изработки по специјална порака направени само за неа, како и увезени елементи и апарати.

Во нејзиниот дом има и соба за Кен, и е единствената соба која не е розова, туку во сина боја. Оваа соба е резервирана за нејзиниот брат кога е на посета, бидејќи сè уште не го пронашла својот Кен.

Барбиката додава дека нејзината куќа е повеќе од дом, таа е нејзина инспирација, канцеларија и студио за снимање. Следен чекор во уредувањето на нејзниот розов свет е соба посветена на колекцијата од над педесет Барбики која ги купува или добива на подарок.

Вели дека уште од малечка розовата е нејзина боја и дека додека студирала ја споредувале со Ели Вудс од Легално Русокоса.

Иако е дипломиран правник, таа од 2013 година заработува од своите социјални мрежи и е среќна што секој ден има сè повеќе следбеници.

Но, бразилската Барби додава дека не се откажува од својата диплома и дека сака да отвори засолниште за животни и да се бори за заштита на нивните права заедно со локалната самоуправа.

zapoznajte-ja-brazilskata-barbi-i-nejziniot-rozev-svet-05_630x600.jpg

Таа објаснува дека не сака да ја нарекуваат Жива Барбика, бидејќи таа само е инспирирана од стајлингот и стилот на куклата, не се обидува да личи на неа и наводно нема ниту една пластична операција за да наликува на својот идол.

Таа вели, „едноставно, мојот свет е розов“, додавајќи дека 97% од нејзиниот гардеробер е во розова боја - со сите нијанси и тонови.

zapoznajte-ja-brazilskata-barbi-i-nejziniot-rozev-svet-08_630x800.jpg

На прашањето дали добива негативни коментари за нејзиниот животен стил таа вели дека има многу, често ѝ велат дека претерува и дека е премногу детинеста, но таа само ги игнорира и продолжува да ја шири својата позитивна енергија и љубов кон розовата боја.

zapoznajte-ja-brazilskata-barbi-i-nejziniot-rozev-svet-07_630x800.jpg

И додека на повеќето девојчиња сонот да се биде како Барби им завршува со тинејџерските години, Бруна ужива во својот мал розов свет без да ја открие својата возраст.

На прашањето колку години има, таа одговара 61 година, односно колку што постои брендот на кукли Барби.

zapoznajte-ja-brazilskata-barbi-i-nejziniot-rozev-svet-10_630x500.jpg

Повеќе фотки од бразилската Барби и нејзиниот дом:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg