White sensation во Белград

white-sensation-vo-belgrad-povekjeПомина музичкиот спектакл White Sensation во Белград. Овие журки се едни од најпознатите каде настапуваат светски имиња од техно и хаус музиката.


До раните утрински часови се забавуваа повеќе илјади посетители од целиот свет.

Нашите соседи уште еднаш се покажаа во најдобро светло. Белградската арена со целокупната декорација на ентериерот направи посетителите да се чувствуваат како навистина да се наоѓаат во подземен свет (белградскиот sensation го носеше името Ocean white).

Спектакуларното отворање беше во 22 часот со огномет. На два видео бима одеа снимки од морските длабочини додека на стазите покрај бината со единствена кореографија се шетаа девојки кои заедно со публиката правеа балони од сапуница со димни и светлосни ефекти во позадина.

Посетителите по почетокот ги загреваше ди – џејот Mr. White. 22 фонтани покрај бината, „медузи“ од страните...

Најголемо воодушевување кај публиката предизвика Себастијан Ингросо. Феде Ле Гранд не се појави, но на негово место настапи Ерик Е.

Журката во ритамот на хаус музиката траеше до 6 часот наутро. Инаку White Sensation настанува во 2000 година во Амстердам, и од тогаш во 17 земји од светот се посетени од повеќе од милион луѓе, а вообичаено 40.000 влезници за овој спектакл се продаваат за неколку минути. Следната журка во бело ќе се одржи во Прага.

Да се надеваме дека и Скопје наскоро ќе биде сведок на ваков музички настан.

Би можело да ве интересира:

Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проект... Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Араби...
Листа на најбезбедните и најопасните држави во светот (Македонија е речиси на истата позиција како л... Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, додека Македонија е на 38-то ме...
„Се сопнав од мачката и паднав, добив повреди како да сум преживеал сообраќајна несреќа – среќен сум... Пукнат череп, скршена вратна коска, пукнати пршлени и 9 скршени ребра... Ова се ...
Што ќе се случува по смртта на кралот Чарлс – Сите детали за операцијата „Menai Bridge“ „Здравјето на кралот Чарлс е во многу полоша состојба, отколку што се соопштува....
„Осамени богати мажи ми плаќаат за да контактираме - глумам дека сум им девојка, еден ме стави во те... Чар Борли од Англија работи како професионална девојка. Односно, осамени богати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg