Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот?

Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но важно е да знаете дека ниту еден трик нема да ви биде од помош ако екранот ви е многу изгребан и оштетен.

kako-da-gi-skriete-malite-grebanici-na-ekranot-na-telefonot-01.jpg

Наједноставниот начин да го заштите екранот на смартфонот е да купите таканаречено заштитно стакло или фолија (од пластика).

Овие стакла не се скапи, речиси не се забележуваат ако се добро наместени и можат да ви заштедат многу пари.

Но, ако веќе сте го изгребале екранот, тогаш може да пробате некои трикови за да го вратите во колку-толку добра состојба.

Секако, овие трикови нема да функционираат ако екранот е многу изгребан, но можат да ви помогнат да прикриете мали гребаници кои се наоѓаат само на површината, односно не се длабоки.

Неколку трикови што можете да ги пробате:

Паста за заби

Пастата за заби може да помогне кај многу мали гребаници, кои немаат направено големо оштетување на екранот.

Важно е да користите најобична бела паста за заби, а не онаа во форма на гел.

Ставете малку паста на екранот и втријте ја со помош на микрофибер крпа и потоа со истата крпа добро исчистете го екранот.

Внимавајте да не извалкате други делови од телефонот со пастата, како звучникот или местото за полнење.

kako-da-gi-skriete-malite-grebanici-na-ekranot-na-telefonot-02.jpg

Сода бикарбона

И овој трик може да помогне само кај многу мали гребаници.

Измешајте малку сода бикарбона со малку вода за да добиете паста, па смесата втријте ја на екранот со микрофибер крпа и потоа добро пребришете.

kako-da-gi-skriete-malite-grebanici-na-ekranot-na-telefonot-03.jpg

Бебешка пудра

И овој пат треба да направите паста, како со сода бикарбоната, која може да помогне кај многу мали гребаници.

Нанесете многу мало количество на гребаницата и добро избришете со микрофибер крпа.

kako-da-gi-skriete-malite-grebanici-na-ekranot-na-telefonot-04.jpg

Не заборавајте дека ова не се волшебни решенија за изгребаниот екран и нема да ви помогнат доколу екранот е со многу гребаници и видно оштетен.

Секогаш е подобро однапред да го заштитите телефонот, односно да му ставите фолија или стакло уште откако ќе го купите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg