Вашето име на Месечината

moonДали некогаш сте сонувале да патувате на Месечината? За жал, тоа засега е привилегија само за неколкумина астронаути и за роботизираните мисии, кои ја истражувале Месечината. Сега имате можност да го пратите своето име...

...  во склоп на следната мисија кон Месечината, LRO (Lunar Reconnaissance Orbiter). Па, доколку сакате вашето име да биде запишано на леталото кое ќе кружи околу Месечината, посетете ја следната веб страна... http://lro.jhuapl.edu/NameToMoon/index.php

За тоа колку време ќе ви биде потребно да отпатувате до Месечината, резултатите варираат многу. На LRO ќе му бидат потребни околу 4 дена за да стигне до Месечината, што е нешто повеќе од мисиите на Аполо, во кои беа пратени првите луѓе на Месечината. А, како споредба, на леталото на ЕСА, СМАРТ-1, му беа потребни повеќе од година дена да стигне до Месечината во неговата спирална орбита околу Земјата. Нови Хоризонти, пак, помина покрај Месечината по само 8 часа од неговото лансирање на пат кон Плутон. Мисијата на LRO е планирана да биде лансирана кон крајот на 2008 година, на ракетата Атлас V 401, и ќе трае околу една година.

Добро е што не патуваме со автомобил. :) Според веб страната на LRO, ќе ви бидат потребни 135 дена (тоа е околу 4 ипол месеци) за да стигнете до Месечината ако патувате со брзина од 110 километри на час.

 

sertifikat
Изгледот на сертификатот, кој го добивате ако го внесете вашето име

 

LRO е само уште еден чекор кон градење на база на Месечината до 2020 година. Леталото ќе орбитира околу нашиот природен сателит на височина од 50 километри, правејќи глобални истражувања, конструирајќи мапи на температурата на Месечината, правење на фотографии со висока резолуција и мерења на албедото на Месечината. Се разбира, како и секоја планетарна мисија до Месечината и Марс, и LRO ќе бара вода. Многу е веројатно дека Месечината ќе биде првата човечка колонија надвор од Земјата, па многу важно ќе биде да се пронајде локација каде што би имало вода.

Како да ја завршите целата постапка? Одете на следниот линк... http://lro.jhuapl.edu/NameToMoon/index.php Потоа, внесете го своето име и презиме, притиснете на „continue“ и, доколку сакате, симнете си го сертификатот со вашето име.

Се прашувате како вашето име ќе биде однесено на Месечината? Тоа нема да биде напишано на некоја плоча на леталото (иако тоа би било интересно!), туку ќе биде ставено на микрочип, кој ќе биде поврзан со останатите инструменти на леталото. Базата на податоци со имиња ќе биде оставена на леталото за цело време додека трае мисијата, па така секој кој што ќе го внесе своето име на еден интересен начин ќе може да каже дека ја истражува Месечината.

Мало дополнување: додека барав информации за LRO, најдов уште една мисија на која, исто така, може да го пратите своето име во Вселената. Мисијата се вика Кеплер, и ќе има задача да ги пронајде првите планети со димензии на Земјата околу други ѕвезди во нашата галаксија. При оваа задача има и една плус работа, која што треба да ја напишете. Имаено, треба да напишете неколку реченици, максимум 500 зборови, зошто оваа мисија е важна и кои се најзините предности. Сите тие податоци ќе бидат ставени на ДВД, кое ќе се наоѓа на леталото.

Еве и некои дополнителни причини зошто да го пратите вашето име и на оваа мисија. Вашето име ќе се наоѓа во хелиоцентрична орбита, која ќе ја следи патеката на Земјата, и ќе прави еден круг околу Сонцето за 372,5 дена. Оваа активност се прави во асоцијација со Меѓународната година на астрономијата 2009. Вашето име ќе се наоѓа на леталото, кое веројатно ќе ја открие првата планета со димензии на Земјата, на која што би можело да има живот.

 

sertifikat
Сертификатот што го добивате ако ги весете своите податоци, кои ќе бидат сместените во сондата Кеплер

 

Ова е линкот на кој може да ги внесете вашите податоци... http://www.seti.org/kepler/names/
Крајниот рок за пријавување е до 1 ноември 2008 година, а мисијата е планирано да биде лансирана во февруари 2009 година.

Ова е шанса ако не можеме физички, барем на некој друг начин да ја истражуваме Вселената и да кажеме дека мал дел од нас веќе се наоѓа таму некаде помеѓу планетите.

извор: Скопско астрономско друштво
www.astronomija.com.mk

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg