Word Well - нова македонска игра за iPhone и iPad!

Македонското студио за развој на мобилни апликации, CodeWell, Ви ја претставува својата нова подобрена верзија на апликацијата Word Well – од денеска официјално достапна на App Store !

word-well-nova-makedonska-igra-za-iphone-i-ipad-01

Word Well е забавна puzzle игра – сложувалка, во која целта е составување на што подолги зборови во било која насока - хоризонтално, вертикално или дијагонално. Новата верзија нуди повеќе модови и функционалности, а со самото тоа и повеќе забава.

Музиката за промо видеото,  достапно на следниот линк, е превземено  од интрото на албумот Африка на Суперхикс.

Играта има различни специјални бонуси за секој мод кои можат да се добијат доколку корисникот има доволен број на поени или едноставно да се купат.

Постојат 4 модови на играта:

Strategy mode: каде што корисниците не се ограничени со време, а целта е да се состави подолг збор за добивање на што повеќе поени. Постојат 20 потези кои можат да се дополнат со специјален бонус  “+5 Steps”  односно 5 дополнителни обиди.

Free mode: Целта на овој мод  е да се соберат цитатите од најпознатите светски научници, артисти и автори. Времето е неограничено, а корисниците треба да соберат букви, кои формираат зборови, и истите потоа  формираат цитати. Специјалниот бонус “Fill letter” може да помогне корисникот да ја дополни и открие буквата во цитатот и на тој начин тој го отклучи тој цитат во Quotebook (Книгата со цитати).

Survival mode: Целта е за период од 40 секунди корисникот да преживее што подолго. Со составувањето на зборови времето се зголемува, а целта е во наведеното време пулсот да се одржи во нормала. Специјалниот бонус "Medicine", додава дополнителни 10 секунди кои можат да се искористат само еднаш.

Time mode: Постои временско ограничување од 60 секунди, а корисникот може да купи само еднаш бонус од дополнителни 10 секунди.

word-well-nova-makedonska-igra-za-iphone-i-ipad-02

Играта е наменета за сите возрасти и нуди забава и содржина која го заробува вниманието на корисниците.

Но, она што навистина ја разликува оваа од другите игри базирани на составување на зборови е тежината! Предизвикајте се себеси и составете што повеќе зборови !

Апликацијата е достапна на овој линк.

Следете ги вашите неделни и вкупни резултати, споредувајте, споделувајте со Вашите пријатели и покажете му на светот колку сте добри во составувањето на зборови!

Верзија е компатибилна е со iPhone, iPod touch и iPad. Работи на верзија iOS 7.0 и понови. Оваа апликација е оптимизирана за iPhone 5.

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg