Во кино со вклучени мобилни за да научите зошто треба да ги исклучите (видео)

Вообичаено во кино и театар е задолжително да се исклучат мобилните телефони пред да се влезе во салата. Но, во едно кино било побарано токму спротивното, сите да ги остават вклучени мобилните.

vo-kino-so-vkluceni-mobilni-za-da-naucite-zosto-treba-da-gi-isklucite-video-01

Штом се сместиле на своите места, започнала првата сцена од филмот – реклама во која се гледа како некој се вози во автомобил по долг прав пат.

Во еден момент возачот пишува смс-порака и ја испраќа, а таа стигнува до сите присутни во салата.

Речиси сите посегнуваат по мобилниот и се обидуваат да ја прочитаат пораката, заборавајќи на сцената од филмот во која гледаа како се движи автомобилот по патот, а тие се од позицијата на возачот.

Наеднаш се слуша кочење, удар во дрво и скршена шофершајбна. Толку е потребно. Само момент и поглед во мобилниот телефон за да заборавите на она што го правите во моментот.

Мобилните телефони се најчеста причина за сообраќајните несреќи.

Затоа, задолжително исклучете ги мобилните кога возите или кога правите нешто друго што во тој момент е важно. „Внимавајте на патот“ – порачува Фолксваген.

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg