Секогаш во фокус: Новиот a77 II ви овозможува да направите совршено остри слики со автоматски фокус со рекордни 79 точки

Од динамични спортски случувања до ненадеен трепет на исплашена птица: новиот α77II го задржува фокусот на целта и секоја слика е неверојатно остра. Користејќи ја експертизата на препознатливите а77 и а700 од Sony, моделот а77II им дава на напредните аматери низа возбудливи подобрувања во цврсто водоотпорно куќиште кое е подготвено за секаков предизвик.

sekogas-vo-fokus-noviot-a77-2-vi-ovozmozuva-da-napravite-sovrseno-ostri-sliki-so-avtomatski-fokus-od-rekordni-79-tocki-01

Нова генерација на AF систем со откривање на фаза со 79 точки

За прв пат, а77 II се одликува со дури 79 AF точки, вклучувајќи и 15 вкрстени сензори сместени главно во централната област на сензорот, овозможувајќи прецизно и непрекинато автоматско фокусирање.

Тука е и наменската AF точка од F2,8, поставена хоризонтално во центарот на сензорот. Централно поставениот сензор се одликува со отвор на блендата до F2,8, за да овозможи максимална AF прецизност кога се користат објективи со големи решетки. AF системот функционира одлично и при слаба светлина, со прецизно заклучување на фокусот врз предметите во сцените, дури и при услови на ниска осветленост како EV-2 (ISO100).

Голем обем на мерливи податоци од сите 79 точки се процесираат од страна на новиот AF алгоритам, којшто е прилагоден врз основа на обемни тестирања. Тој го предвидува следното движење на предметот, комбинирајќи ги податоците од автоматски фокусот со податоците за положбата на предметот.  Без разлика дали обликувате кадар преку визирот или на екранот во режим за прегледување во живо, уникатната технологија на Sony со провидно огледало овозможува остро фокусирање на вашиот предмет без разлика дали фотографирате или снимате видео. Тој нуди одлични перформанси во услови на слаба осветленост, создавајќи кристално јасни слики од објекти во движење при месечева светлина.

Новите софистицирани AF функции го сочинуваат најголемиот дел од новиот систем со 79 точки. Во режимот на проширена флексибилна точка, фотоапаратот одржува фокус дури и кога активната AF точка ќе престане да го следи вашиот објект, активирајќи ги 8-те околни AF точки за да овозможи континуирано и прецизно следење на вашиот подвижен објект.

Режимот со автоматско фокусирање со заклучување им овозможува на корисниците да изберат еден од четирите режими за AF површина. Штом ја пронајде целта, тој ќе продолжи да го следи фокусот сè додека копчето за блендата е полу-притиснато. Како што предметот се движи или се менува кадарот, фотоапаратот автоматски ги избира најсоодветните AF точки од достапните 79. За уште поголема контрола, времетраењето на следење на објекти може да се прилагоди во 5 чекори (кога се прават фотографии во AF-C режим). Кај објектите чие движење е предвидливо, со мало подесување се намалува ризикот фотоапаратот да фокусира друг објект кој би можел да навлезе во полето околу главниот објект. Со поставките за поголемо ниво се добива фокусирање со поголем одзив – идеално за фотографирање различни објекти на различни растојанија, како што е животот во дивината.

Новиот модел нуди нови функции, како AF за очи која прецизно ги забележува и фокусира очите кога фотографирате луѓе. Контролата на AF  опсег овозможува ограничување на AF во одреден опсег со 5 AF параметри за времетраење на следењето, за оптимално следење на движењата на објектот.

sekogas-vo-fokus-noviot-a77-2-vi-ovozmozuva-da-napravite-sovrseno-ostri-sliki-so-avtomatski-fokus-od-rekordni-79-tocki-02

Exmor® CMOS сензор со 24 мегапиксели и поголема чувствителност

Пример за врвната стручност на Sony во однос на фотографските сензори, Exmor™ CMOS сензорот за слика со 24,3 мегапиксели има исти чипови без простор меѓу леќите како и докажаните модели α7R и α6000, нудејќи 20% поголема чувствителност. Освен беспрекорни детали кај фотографиите, добивате и низок шум со големиот опсег на чувствителност од ISO 100 до ISO 25600. Сензорот со висока резолуција е надополнет со BIONZ X процесор, речиси три пати побрз од претходниот и оптимизиран за α77 II, кој нуди технологии за репродукција на извонредни детали, намалување на шумот во одредени површини и намалување на прекршувањата со кои добивате извонредна резолуција на сликата.

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg