Едноставноста е секогаш ин - LG G3, достапен во Vip

Подобрени перформанси, поедноставена корисничка употреба и збогатени основни елементи - LG G3, најновиот смарт-телефон на LG Electronics, сега е достапен во Vip. Проверете зошто овој модел ги зазема насловните страници на сите светски портали.

ednostavnosta-e-sekogas-in-lg-g3-dostapen-vo-vip-01

Основни елементи

Благодарение на тенкиот дизајн, овој модел е практичен за употреба. Неговиот класичен изглед е дополнително софистициран благодарение на неговата метална поставка, која истовремено го зголемуваи комфорот при носење и употреба. И покрај тоа, LG G3 е исклучително лесен. Неговиот софтверски дизајн е направен со цел да одговара на потребите на корисникот на брз начин, па со тоа отстранети се сите непотребни елементи кои би можеле да претставуваат визуелен хаос, правејќи го едноставен и прегледен за употреба. Истовремено, со цел да се зголеми просторот, намален е бројот на вклучени апликации, со тоа што функциите на истите сега се интегрирани.

Quad HD екран

Ексклузивниот модел на LG - LG G3 ви нуди кристално јасна слика, со извонреден 5,5-инчен екран поддржан од 538ppi. Со живописни бои и висока резолуција од 2,560х1,440 пиксели, сега имате опција да испечатите квалитетни фотографии за Вашиот албум.

Паметна тастатура

Пишувањето на екраните на допир е несомнено потешко отколку на останатите QWERTY тастатури, но овој модел Ви нуди флексибилна големина на тастатурата за поголема прегледност, опција која овој проблем го елиминира. Дополнително, Smart-personalization опцијата ги оптимизира зборовите кои најчесто ги користите во листа на предлози при пишување. Seamless Typing е опција која помага при довршување на зборовите, а Quick Mode ги коригира погрешените зборови на едноставен начин.

ednostavnosta-e-sekogas-in-lg-g3-dostapen-vo-vip-02

OIS+ камера

OIS+ камерата од 13MP ги содржи следниве опции:

Dual LED блиц

Намалената светлина во просторијата не е предизвик за овој модел. Осветлете ги Вашите фотографии благодарение на BSI (Back Side Illuminated) сензорот, со чија помош блицот креира појасни слики дури и при намалена видливост. Двата типа на светлина ја тонираат самата слика во поприродни бои.

Ласерки авто-фокус

Напредната OIS (Optical Image Stabilization) опција вградена во самата камера, дополнително го зголемува квалитетот на фотографиите. Благодарение на ласерот кој веднаш го мери растојанието на објектите и автоматски го фиксира, оваа опција го подобрува фокусот и го намалува тресењето, со што се намалува и заматеноста на кадарот.

Touch & Shoot

Современиот дизајн тежнее кон едноставност со фокус на самите корисници, овозможувајќи им пред сè, подобро искуство. Со таа цел, отстранети се и визуелните елементи кои најчесто пречат при сликање. Така прегледноста е зголемена, сликата појасна, а сè што треба да направите е да го поставите фокусот на кадарот и со еден допир да направите одлична фотографија.  

Софистицирана предна камера

Популарноста на Selfie фотографиите е инспирација за овој производител да вклучи и софистицирана предна камера. Со помош на оцпијата Flash UL, како и со едноставната selfie функција, добивате светли, живописни фотографии.

Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg