Најпосакуваниот паметен телефон во светот iPhone 6 единствено во Вип

Скопје, 2 октомври 2014 – Последниот крик на мобилната телефонија кој својата светска премиера ја доживеа пред десетина дена и кој со нетрпение го очекуваа милиони корисници ширум светот – iPhone 6, од утре е достапен за корисниците единствено во понудата на Вип.

najposakuvaniot-pameten-telefon-vo-svetot-iphone-6-edinstveno-vo-vip-01.jpg

Поголем и подобар од своите претходници, невројатно тенок само 6.9mm,  iPhone 6 поседува 4,7-инчен Retina HD дисплеј, A8 Chip со M8 Motion Coprozessor кој заедно со иновативната технологија која ја содржи, обезбедува удобно и лесно користење.

Напредните 8-пикселна iSight задна ХД камера и  FaceTime®  ХД предна камера, заедно со ултра брзи безжични технологии или пак сигурносниот Touch ID Senzor за отпечатоци за прсти, го ставаат iPhone 6 високо на листата на еден од најпосакуваните телефони во светот и тема за разговори на љубопитните и зависниците од најсовремени технолошки достигнувања.

iPhone 6 е достапен за корисниците почнувајќи по цена од 1499 денари месечна рата во тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+ со договор на 24 месеци, со новиот софтвер кој овозможува користење на 4Г ЛТЕ мрежата на Вип.

Подетални информации корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на официјалната страна на Вип.

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg