6 апликации за совршен Инстаграм профил

Прецизна и целосна формула за стекнување армија на фанови на Инстаграм не постои, но формула за софршени фотки кое веројатно ќе ја зголемат посетеноста на вашиот профил, да. И тоа со само 6 феноменални апликации.

6-aplikacii-za-sovrshen-instagram-profil-1.jpg

Во што се состои тајната на најпосетените инстаграм профили? Никогаш нема да бидеме сигурни дали станува збор за користењето на вистинските филтри или совршено аранжираното кафе или пак вашата природна убавина сместена на некое егзотично место. Она што може да ви помогне да стигнете до лајкови се дополнителните апликации.

Вистина е дека Инстаграм сам по себе нуди мноштво опции за прилагодување на вашите фотографии, но истите не се доволни за страсните фотографи. Филтерот Valencia е ретро. Потребни ви се други кул филтери, колажи и рамки.

Овие 6 апликации ќе ви го овозможат тоа.

6-aplikacii-za-sovrshen-instagram-profil-3.jpg

1. VSCO Cam

Многумина можеби нема да се сложат со овој избор. За некои деновите на неговата слава е одамна помината, но никој не може да одбие бесплатна апликација која е синоним за кул филтри кои рачно може да се дозираат, а сликата да се корегира до најситен детаљ.


2. Squaready

Доколку сакате бели рамки или пак да не се ограничувате на големините на сликата кои инстаграм ги користи, Squaready е апликацијата токму за вас. Оваа апликација е едноставна,  брза и вреди да ја пробате.


3. Studio Design

Познати ви се сите оние „хипстерски“ фотографии со текстови и цитати во средината? Studio Design е виновникот за нивното креирање. Тука ќе се сретнете со перку 500 бесплатни фонтови, слики, облици и теми.


4. Snapspeed

Самото име на оваа апликација ви дава одговор за тоа што ќе добиете од неа. Брзина. Snapspeed е најновиот хит. Едноставна и минималистичка апликација која ви нуди одлични опции за едитирање на фотографиите. Слободно можете да ги споредите со професионалните фотографии.

6-aplikacii-za-sovrshen-instagram-profil-2.jpg


5. Hyperlapse

Снимањето видеа без тресење на раце е речиси невозможно. Но, ако рацете ви се тресат тука е секогаш Hyperlapse кој ќе ви помогне. Елегантна и „user friendly“. Идеална е за вас доколку обожувате timelapse видеа.


6. Layout

Неодминлив обожавател на колажи? Нема проблем. Оваа апликација лесно и брзо ќе ви ја достави оваа можност на мобилниот телефон. Секако има и други дополнителни ефекти.

6-aplikacii-za-sovrshen-instagram-profil-4.jpg

6-aplikacii-za-sovrshen-instagram-profil-9.jpg

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg