Бидете брилијантни со новиот HTC One

HTC донесува храбар нов избор за оние кои сакаат да уживаат во одличен дизајн, а притоа не сакаат никаков компромис во однос на стилот, перформансите или персонализацијата: HTC One A9.

bidete-brilijantni-so-noviot-htc-one-01.jpg

ЊУЈОРК, 21 октомври 2015 година -  HTC пред јавноста го претстави најновиот член на наградуваното семејство HTC One, HTC One A9. Во него се обединети најуспешното од прочуениот дизајн и иновативност на HTC и најновото од Android на Google, со што овој восхитувачки смартфон, којшто не познава компромиси, се издвојува меѓу останатите. Создаден за оние што сакаат подобар избор, HTC One A9 е смартфон кој во исто време се одликува со одличен надворешен дизајн и со најновите карактеристики на Android 6.0 Marshmallow и HTC Sense во внатрешноста, што нуди неповторливо корисничко искуство.

„HTC е пионер во областа на смартфоните, компанија која го создаде првиот Android смартфон, првиот Windows смартфон, првиот 4Г смартфон и првиот целосно метален смартфон“, изјави Cher Wang, претседател и извршен директор на HTC. „Денеска тоа иновациско искуство го носиме чекор понатаму, создавајќи телефон што се издвојува на пазарот, којшто сè повеќе е под доминација на компанијата која го контролира секој аспект од вашиот телефон. HTC One A9 излегува од тие ограничувања со тоа што нуди неверојатен дизајн, фантастични перформанси, најсовремени софтверски решенија и целосна слобода да го контролирате вашето смартфон искуство“.

Металморфоза: Нов стандард во извонредноста на дизајнот на на целосно металните смартфони

Претставувајќи еволуција во култниот дизајн на семејството HTC One, дизајнот на HTC One A9 е инспириран од природната убавина околу нас, притоа користејќи впечатливи бои и уникатни завршници, пристап кој се нарекува „металморфоза“. Новите облини, префинетите рабови, како и хируршки прецизно исцртаните линии на копчето за вклучување и исклучување чинат беспрекорна комбинација со супер тенката метална рамка, што на телефонот му дава природен и лесен изглед. Елегантниот двоен финиш, достапен во нијансите „карбон сива“, „опал сребрена“, „топаз златна“ и „темен гранат“ е добиен со макотрпно и прецизно нанесување на боите, по што маската на телефонот се пескари и полира со цел да се добие дополнителна длабочина и богатство на боите, уникатни на пазарот на смартфони. И конечно, во една величествена фузија на метал и стакло, 5-инчниот AMOLED екран со висока резолуција кој се протега од раб до раб, изработен во 2.5D Corning® Gorilla® Glass 4, се прелива во металната рамка што ви овозможува да искусите појасни и поживи бои, одлична графика и можности за играње игри, дури и во услови на директна изложеност на сончеви зраци. 


Ослободете го фотографот во Вас

Најдобриот фотоапарат е секако оној кој можете да го користите во секој момент, оној со кој можете да направите прекрасни фотографии во секоја ситуација. Предната и задната камера на HTC One A9, плус моќните, но истовремено едноставни и практични алатки за уредување, се спој чиј резултат се одлични фотографии и видеа кои ќе ги имате притискајќи само едно копче. Главната задна камера од 13 мегапиксели ја има карактеристиката за оптичка стабилизација на слики (Optical Image Stabilization (OIS)) со што веднаш се коригира тресењето на раката и вибрациите со цел секој пат да добиете кристално јасна фотографија. Од друга страна, предната UltraPixel камера ќе ви овозможи да ги направите најдобрите „селфи“ фотографии независно од осветлувањето, токму поради UltraPixel сензорот на HTC кој „уловува“ 300% повеќе светлина од обичните камери вградени во смартфоните.

Во некои ситуации, едноставно ви е потребно нешто повеќе од фиксна фотографија. Со алатката за уредување на HTC One A9 наречена Hyperlapse можете да ги забрзате вашите видеа дури 12 пати за да добиете драматичен ефект на забрзано движење, креирајќи извонредни видеа кои совршено го доловуваат моментот што сакате да го зачувате. Јурете низ вашите видеа или користете го режимот capture mode за да ги уредувате видеата забавено, нагласувајќи ги спомените кои никако не би сакале да ги заборавите. Друга опција е да ја користите алатката наречена HTC Zoe која ви овозможува автоматски да ги мешате најдобрите фотографии и видеа и да создавате професионални снимки што можете да ги споделите со вашите пријатели и со семејствотото за да им ги раскажете моментите кои ви се важни од сите агли.

bidete-brilijantni-so-noviot-htc-one-02.jpg

Супер аудио: конечно музиката звучи како што треба

Револуционерниот звук отсекогаш бил од суштинска важност за сите членови во семејството HTC One - сега HTC One A9 донесува неверојатен квалитет на звукот, со интегриран HTC BoomSound™ и во комбинација со сараунд технологијата на Dolby Audio™. Резултатот е неверојатен и жив звук кој е рамен на музика во живо во вашите слушалки, што претставува чекор напред во светот на аудио искуството со висока резолуција. Со вградената DAC технологија којашто овозможува уживање во 24-битен квалитет со 192 KHz - подобар од квалитетот на ЦД - се добива богатство и длабочина на звукот што досега не сте ги слушнале од вашата музичка збирка. Моќниот вграден засилувач на звук, двојно помоќен од оној кој се вградува во останатите телефони, нуди помоќен и подинамичен опсег за да ја слушате секоја нијанса од вашата омилена музика, од вашите видеа и игри. По желба можете да ги изберете и сертифицираните слушалки HTC Pro Studio коишто се одликуваат со висока резолуција и во исто време ви овозможуваат изолација од бука и вистинско нурнување во звукот.


Најсовремен софтвер: Android 6.0 Marshmallow

Како прв смартфон по Nexus што работи со оперативниот систем Android 6.0 Marshmallow, HTC One A9 со себе ги носи најновите иновации на Google и едноставноста на HTC Sense уште со самото вклучување на телефонот. Во комбинација со повеќенасочниот скенер на отпечатоци, купувањето со Android Pay е сигурно и лесно - сè што треба е да притиснете, платите и готово. Алатката на Google наречена Now on Tap интуитивно прикажува контекстуални информации за она што го гледате на екранот - пребарување критики за филмови од текст, слушање песна спомената во блог, или пак резервирање во ресторан преку е-пошта, сето тоа само со едно притискање на копчето Home.


Перформанси замислени да функционираат во согласност со тоа како ВИЕ го користите телефонот

Опремен со најновиот Qualcomm® Snapdragon™ процесор со интегрираните X8 LTE и 64-битни осум-јадрени процесори, HTC One A9 е дизајниран за да овозможи совршена рамнотежа меѓу моќните перформанси, брзата поврзливост и подолгото времетраење на батеријата. Овозможувајќи поддршка за досега невидените брзини на безжичната LTE конекција преку најновата технологија на агрегација на оператори, тој донесува повеќе видеа во висока резолуција, повеќе аудио во висока резолуција и повеќе простор на т.н. облак (cloud), каде што ќе сместите сè што сакате. Телефонот е достапен во две конфигурации, со 16 и 32 GB, и се карактеризира со меморија која лесно може да се надгради до 2 TB со помош на SD картичка, што е совршено за чување на сите ваши апликации, игри, фотографии, музика и видеа.

За да го заштитите вашиот смартфон, ви ја нудиме заштитната маска HTC Dot View™, достапна во неколку нијанси, како вулканско стакло, темен гранат, морски корал и тиркизно сина. Нејзиниот ретро дизајн со точки ги открива инстант нотификациите, временската прогноза, името на јавувачот и друго, дури и кога маската е затворена, а контролите достапни со едноставно движење ви ги приближуваат повеќе од кога било алатките за музика, светилката, радиото и алатките за снимање глас.

Од ноември 2015 година, HTC One A9 и сите додатоци ќе бидат достапни ширум светот, како во малопродажните салони, така и на htc.com

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg