Huawei испорача 200 милиони паметни телефони во 2019 година во рекордно време

Huawei Consumer Business Group (CBG) објави дека до денес бројот на уреди испорачани од компанијата оваа година достигна 200 милиони, што е 64 дена порано од достигнувањето на истата бројка во 2018 година. Фокусот на Huawei е на врвната технологија и иновативниот дизајн, што заедно со целокупната посветеност на компанијата кон сите потрошувачи ширум светот, ја зголемува довербата на сè повеќе клиенти кои активно го поддржуваат брендот.

huawei-isporacha-200-milioni-pametni-telefoni-vo-2019-godina-01.jpg

Во 2019 година, Huawei презентираше голем број импресивни уреди, вклучувајќи ја и наградуваната серија HUAWEI P30, која се смета за најдобра серија на телефони за фотографија што се моментално достапни. Меѓу многуте награди и признанија, Експертското здружение за слика и звук (EISA), составено од претставници на 55 од најпознатите технолошки медиуми во светот, го именуваа HUAWEI P30 Pro за „Најдобар паметен телефон“ за 2019-2020 година.

Мисијата на компанијата е да ги направи дигиталните технологии и највисоките достигнувања во нив достапни за максимален број на луѓе ширум светот. Во тој дух, нивниот богат асортиман на паметни телефони нуди моќни платформи и уникатни, модерни одлики во секој опсег, како и цени, вклучувајќи ја супер-успешната, најприфатена Y серија 2019, уникатниот P Smart Z за млади, и многу други.

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg