Започна продажбата на новите премиум безжични слушалки HUAWEI FREEBUDS 3 во Македонија

Започна продажбата на новите премиум безжични слушалки HUAWEI FreeBuds 3 со нов интелигентен звук со помош на Huawei Kirin A1 чипот.

zapochna-prodazhbata-na-novite-premium-bezzhichni-slushalki-huawei-freebuds-3-vo-makedonija-01.jpg

Kirin A1 е првиот чип на Huawei кој е специјално дизајниран за пазарот на додатоци. Тие се дел од новата аудио стратегија на компанијата насочена кон премиум аудио пазарот. Безжичните слушалки имаат исклучителна технологија за дигитална обработка на аудио звукот со драјвери со висока чувствителност, кои на секој корисник му овозможуваат одлични можности за репродукција на музика и глас. Новиот чипсет, кој исто така е вграден во најновиот смарт часовник на брендот, Huawei Watch GT 2, обезбедува долг век на траење на батеријата со моќен процесор за звук.

Некои од најимпресивните карактеристики на безжичните стерео слушалки се стабилната поврзаност што ја обезбедуваат, ултра ниската латентност и импресивната технологија за контрола на бучавата. Слушалките даваат вистински стерео звук благодарение на сопствениот изохрон двоен канал Bluetooth на Huawei. Оваа технологија ги синхронизира двете слушалки, олеснувајќи ја директната врска помеѓу уредот и слушалките без мешање, а бучавата може да се прилагоди според индивидуалните преференци и моменталната состојба.

zapochna-prodazhbata-na-novite-premium-bezzhichni-slushalki-huawei-freebuds-3-vo-makedonija-02.jpg

Иновативниот процесор за дигитален аудио сигнал, кој овозможува да се обработи аудио до 356 MHz, помага да се минимизираат надворешните звуци и да се воспостават повици дури и во многу бучни средини.

Покрај интелигентниот звук, безжичните слушалки FreeBuds 3 импресионираат со новиот дизајн, достапен во класична бела и црна боја, што ги прави погодни за секаков вид облека. Тие исто така доаѓаат со заоблени торбички за полнење што удобно се вклопуваат во сечиј џеб.

FreeBuds 3 имаат уште една многу важна предност - можат да се напојуваат безжично, со безжичен полнач или преку функцијата безжично полнење овозможена од паметните телефони, при што се обезбедуваат 4 часа работа со едно полнење.

zapochna-prodazhbata-na-novite-premium-bezzhichni-slushalki-huawei-freebuds-3-vo-makedonija-03.jpg

Новите безжични слушалки се достапни на македонскиот пазар во салоните на Македонски Телеком и продажните места на Нептун по препорачана цена за крајниот потрошувач од 9,999 денари, додека во Сетек ќе бидат достапни од 31 јануари.

Би можело да ве интересира:

Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg