Како да го избришете профилот на Фејсбук?

kako-da-go-izbrisete-profilot-na-facebook-povekjeБришењето на профилот не ниту едноставно ниту брзо. Фејсбук ви нуди само опција „деактивација“, што не може трајно да ве избрише како нивен член.


Ако сте ја избрале опцијата „деактивација“ сè уште сте член и вашиот деактивиран профил и понатаму можат да го видат останатите членови. Сите податоци остануваат на Фејсбуковиот сервер.

kako-da-go-izbrisete-profilot-na-facebook

Ако навистина сте одлучиле трајно да го избришете својот Фејсбук профил подгответе се на „бирократија“ која што може да трае и до 14 дена.

Процесот не е едноставен. Морате да испратите барање на na http://on.fb.me/n5OemK или во „хелп“ центарот да ја побарате опцијата „избриши го профилот“. Потоа мора да почекате некое (подолго) време Фејсбук тоа да ви го одобри, а во Фејсбук се надеваат дека додека чекате ќе се предомислите.

Но, постои и „цака“. Ако откако сте пратиле барање за бришење на профилот повторно се логирате на профилот, тоа барање автоматски се поништува како никогаш да не сте го испратиле, а вие и понатаму си останувате член.

Затоа, ако цврсто сте решиле да го избришете профилот, испратете барање, немојте да се логирате, да лајкувате ниту да кликате икони на Фејсбук. И најважно – „наоружајте“ се со трпение.

Треба да знаете и дека ако еднаш трајно сте го избришале профилот, не постои можност да го вратите.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg