Академија

Term Main definition
Академија

Пријатни искуства со нови пријатели.

Што значи да сонувате академија?

Ако видите академија на сон

Сонувањето академија значи дека ќе имате пријатни искуства со нови пријатели. Веројатно сте биле во можност да запознаете нови луѓе  со кои сте оствариле убав однос.

Имате чувство како да се познавате цела вечност, а не неколку месеци. Не верувавте дека за толку кратко време можете да се поверите некому и дека ќе делите убави моменти и проблеми.

Веројатно ќе заминете на патување со нив каде повторно ќе се чувствувате како да сте на екскурзија. Ве очекува одлична забава.

Пријателите кои долго време ве познаваат ќе се почувствуваат запоставено бидејќи не им обрнувате внимание како порано. Можно е да имате желба да промените работно место, струка или студии. Ќе посакате да промените нешто во животот, па ќе донесете одлука од тој аспект.

Би сакале да научите нови работи и да пронајдете работа која ви причинува поголемо задоволство. Ќе ви биде потребно повеќе време да откриете што би ве усреќило, а во исто време донеле пристојна заработка. Ќе наидете на негодување од околината која ова ќе го смета за уште еден ваш каприц.

Особено ќе наидете на неодобрување ако сегашните студии или работа се перспективни. Мора да вложите многу труд за да им докажете на сите дека сте сериозни и истрајни во вашите намери.

Ако сонувате дека се запишувате на академија

Доколку сонувате дека се запишувате на академија пред вас е нов почеток. Конечно сте донеле одлука што сакате да правите со вашиот живот. Иако наидувате на неодобрување од околината нема потреба да се плашите, бидејќи вашата потсвест ви вели дека не грешите.  Можно е заминување во странство.

Ако сонувате дека некој друг се запишува на академија

Ако сонувате дека некоја друга личност запишува академија тоа значи дека ќе ви се случи некоја љубовна авантура. Веројатно ќе запознаете нова личност на неочекувано место која многу ќе ви се допадне. Ќе се потрудите да поминете повеќе време со неа, бидејќи се надевате дека ќе прерасне во нешто поголемо.

Оние кои се во врска би можеле да се заљубат во друга личност. Ќе верувате дека се работи за некоја моментална состојба и нема да сторите ништо и нема да сторите ништо за да не дознае вашиот партнер или партнерка што се случува. Доколку сфатите дека тоа трае подолго би требало да признаете на вашите партнери, бидејќи вашата совест нема да ви даде мир.

Ако сонувате како присуствувате на академија

Ако сонувате како сте студент на академија, значи дека имате грижи на школо, на работа или дома. Сè произлегува од недоразбирањата од вашите блиски луѓе за некои ваши постапки кои сте ги направиле или планирате да ги направите. Можен е финансиски проблем, но решението ќе дојде во наредниот период, па ќе немате причина да се грижите.

Ако сонувате дека сте професор на академија

Ако сонувате дека сте предавач на академија ве мачи страв од јавен настап. Ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да зборувате пред толпа луѓе што во овој момент ви претставува проблем. Луѓето кои ве опкружуваат веруваат во вашите способности, но ви недостасува самодоверба. Всушност тоа е причина поради која другите луѓе ги земаат заслугите од вашиот труд и работа.

Ако сонувате дека уривате или палите академија

Доколку сонувате како уништувате академија можно е да имате добра деловна идеја која би можела да го промени текот на вашиот живот. Стравот од неуспех ве спречува да ги споделите плановите со другите луѓе. Моменталниот приватен и деловен живот не ве исполнува и посакувате промени, потсвеста на сон ве известува дека е време да се охрабрите и да го направите првиот чекор.

Можно е заминување во странство на подолго време.

Ако сонувате дека некој ве брка низ академија

Толкувањето на овој сон зависи од вашите чувства. Ако притоа сте се чувствувале исплашено, можно е потсвеста да ви говори дека некому сте му нанеле штета.            

Ако се чувствувате возбудено ќе добиете вест која ќе ве израдува.

Ако сонувате како шетате низ академија

Доколку сонувате како се шетате низ академија, тоа значи дека ќе ви се укаже прилика да напредувате на работа. Претпоставените ќе ви дадат многу важна задача да за ве тестираат. Поради тоа се наоѓате во тешка положба, но немате причина да се грижите бидејќи сè ќе биде во најдобар ред. Доколку работите се одвивале по свој тек можете да се надевате на покачување.

Ако сонувате студент на академија

Ако сонувате студент на академија тоа е знак дека сте влегле во креативен период. Сè што ќе сработите ќе биде поврзано со вашите таленти. Максимално го искористите овој период, бидејќи сè она што ќе започнете да го работите ќе вродува успех. Конечно сте ослободени од фазата која ве гушела.

Ако сонувате академик

Ако сонувате академик потсвета ви говори дека сонувате како сте ценети во друштво. Отсекогаш ве привлекувала јавната работа, но сте имале прилика да се занимавате со тоа. Кариерата отсекогаш ви била на прво место, но приоритетите се променети во последно време, но не ви е мило. Сепак сте свесни дека тоа е нормално и дека ќе имате прилика да се посветите на работата во вистинското време.

Ако се расправате со академик

Долго време сте во кавга со самите себе. Од една страна се трудите да слушате разум и да ве води мозокот низ животот, а не срцето, но повторно сте допуштиле емоциите да ви го дефинираат животот.

Немате идеја како да на правите баланс помеѓу двата дела од вашата личност. Одредите ги вашите приоритети, направете план и држете се до него без двоумење, па тогаш ќе си ги решите дилемите кои ги имате.

Ако се бакнувате со академик

Ако сонувате како се бакнувате со академик, можно е да сте незадоволни од вашиот љубовен живот. Партнерот/Партнерката не ги исполнува вашите очекувања, па размислите дали сте поставиле превисоки критериуми.

Преиспитајте го вашето однесување. Ќе сфатите дека кај партнерот ви пречат нешта кои и самите ги правите. Ако во моментот не сте во врска и тоа поради ваша одлука да се посветите на други нешта (според вас позначајни), можно е потсвеста да ве предупредува дека е време да промените нешто.

Веројатно сте под влијание на другите луѓе кои ви говорат дека е време да пронајдете личност која ќе ви биде животен сопатник, со која еднакво ќе делите и успех и неуспех.

Во моментот сметате дека немате потреба од тоа, дека животот кој моментално го живеете апсолутно ви одговара и во иднина ќе имате прилика да го промените емотивниот статус, но шансите кои во моментот ги имате на школо или работа мора да се искористат веднаш.

Доколку сте студент или предавач на некоја образувана личност или сте слушале, гледале или читале за академија сонот не се толкува.

Дефиниција за академија

Академија е високо образовна институција која е посветена на споделување знаења и напредно учење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg