Багрем

Term Main definition
Багрем

Багрем без цвет значи тага и жал, а во цвет дека ќе постигнете успех на кој долго сте се надевале.

Што значи да се сонува багрем?

Багрем без цвет

Кога сонувате багрем без цвет, тоа означува дека ќе погрешите во процена на пријател. Ќе вложите многу труд во пријателство со лице кое тоа нема да умее да го цени. Ќе поминувате преку нешта што ќе ги направи со намера да ви напакости и ќе барате оправдување за секоја негова постапка. Со текот на време околината ќе почне да ве става во ист кош, па нема да ве сфаќа сериозно како порано. Многумина ќе ве предупредуваат да го/ја избегнувате, но вие ќе имате надеж дека ќе можете да ја промените таа личност. 

Багрем во цвет

Ако во сон видите багрем во цвет, тоа ви порачува да се надевате на успех. Вашиот напор ќе вроди со плод и претпоставените ќе увидат дека можат да имаат доверба во вас. Можно е да добиете унапредување на работа или стипендија за студии. Ќе имате шанса да го усовршувате знаењето и да се развивате на сите полиња. Наредниот период ќе биде многу успешен за вас и ќе се трудите наксимално да ја искористите секоја прилика која ќе ви се пружи.

Сечење багрем во сон

Кога сонувате дека сечете багрем, тоа симболизира тага и жал. Веројатно ќе бидете принудени да го промените местото на живеење. Тоа тешко ќе ви падне, бидејќи го сакате својот дом. Финансиските можности ќе ве натераат да направите болни резови. Ќе отидете во средина која не ви се допаѓа, но во тој момент нема да имате друг избор. Таа може да има и поголема перспектива од онаа во која сте сега и може да ви пружи поголеми жанси да бидете независни.

Сонување цветови од багрем

Доколку во сон видите багремов цвет, тоа значи дека пред вас е еден поволен период за работа и љубов. Искористете го за да го остварите она за што долго мечтаете.

Добивање цвет од багрем

Ако сонувате дека некој ви подарил цвет од багрем, тоа значи дека ќе доживеете пријатни и убави моменти со саканата личност. Доколку вашата врска сè уште е „свежа“, ќе се трудите секој слободен момент да го поминете со својот партнер. Ќе сфатите дека тој/таа е страствен/а и нежен/а љубовник. Доколку почнете да живеете заедно или се одлучите некаде да отпатувате на некое време веројатно ќе сфатите дека конечно сте ја пронашле вистинската личност за себе. Не е исклучено ни да одлучите да се венчате, иако многумина тврдат дека сè уште не се познавате доволно.

Берење цветови од багрем

Доколку сонувате дека берете цветови од багрем, ќе дознаете дека имате тајна симпатија. Можно е да ви се допаѓа колега од факултет или работа, но вие тоа не сте му го/ѝ покажале. Веројатно тој/таа ќе одлучи да ве повика на состанок, откако ќе сфати дека немате доволно храброст за тоа. Ако долго сте во врска или брак, партнерот би можел да ве изненади со убав гест.

Ако во сон видите дека некој друг бере цветови од багрем, тоа симболиизира љубомора и завист. Веројатно во своето опкружување имате личност која го живее животот онака како што вие сте го замислувале својот. Веќе некое време се обидувате да скриете дека му/ѝ завидувате, но тоа сè помалку ви поаѓа од рака. Наместо да сте љубоморни на него/неа и наместо да губите време на кукање над својата судбина, би требало да се покренете и да размислите што да направите за животот да ви биде поквалитетен и подобар. Мора да бидете свесни дека доста од тоа зависи од вас. 

Сонување плодови од багрем

Ако сонувате дека берете плодови од багрем, очекувајте добивка. Доколку сонувате дека берете плодови, тоа значи дека работата и трудот конечно може да се исплатат, а ако сонувате дека други берат плодови од багрем, тоа значи дека веројатно некој ќе се вмеша во врската, бракот или односите со колегите на работа. Обидете се што посуптилно да му дадете на знаење дека не ви се потребни неговите/нејзините совети и дека сте доволно возрасни и зрели сами да донесувате одлуки.

Јадење плодови од багрем

Ако сонувате дека јадете плодови од багрем, тоа значи дека имате некој непријател. Можеби тоа е блиска личност за која никогаш не би рекле дека би се обидела да ви го загрози или да ви го загорча животот. Токму таквиот ваш став му/ѝ остава доволно простор да ги увиди сите ваши слабости и мани, и да ги искористи против вас кога за тоа ќе дојде време. Премногу сте наивни и искрени. Размислете дали е добро тоа сите да го видат.

Доколку во вашиот сон некој друг јаде плодови од багрем, тоа значи дека ве мачи грижа на совест. Веројатно сте направиле или сте рекле нешто што многу ве мачи. Сте сфатиле дека некого со своите зборови или дела длабоко сте го повредиле, а не сте се извиниле за своите постапки. Никогаш не е доцна! Подголтнете го егото и направете го она што е исправно.

Сонување семе од багрем

Овој сон е многу редок, бидејќи ретко кој може со сигурност да тврди дека во сон видел токму семе од багрем. Ако сепак, сте установиле дека се работи за тоа растение, тоа значи дека со упорност и волја ќе постигнете многу во животот. Затоа немојте да дозволите ситници, лоши денови или негативни луѓе да ве поколебаат. Верувајте во својата идеја и храбро грабете додека не стигнете до целта.

Садење багрем во сон

Кога сонувате дека садите багрем, очекуваје пријатна средба и дружење со личност која неодамна сте ја запознале. Во текот на еден разговор би можеле да сфатите дека токму тој/таа е ваша сродна душа, личност која долго сте ја чекале. Имајте предвид дека не мора да се работи за личност од спротивниот пол или некој кој физички ќе ве привлече. Можно е да станува збор за некој кој ќе ви биде пријател за цел живот.

Сонување дека палите багрем

Доколку сонувате дека палите багрем, таковиот сон најчесто има негативно значење. Можеби ќе ја изгубите работата или нагло ќе прекинете соработка со некој важен деловен соработник, доколку имате сопствен бизнис. Во двата случаја бидете многу внимателни, бидејќи некој би можел да се обиде да ве измами. Не дозволувајте да потпишувате документи за кои не сте целосно сигурни што значат. Бидете внимателни и доколку потпишувате договор во некоја услуга или купопродажба на стока.

Ако сте вработен во некоја фирма, постои можност да ве прогласат за технолошки вишок или да сфатите дека претпријатието е на раб на пропаст. Сè почесто добивате неразумни задачи и сè потешко ви е да го исполните она што од вас се бара. Со оглед на тоа дека сте способна личност и добар работник почнете што побргу да барате друга работа.

Доколку веќе некое време сте во потрага по работа, а сте сонувале дека палите багрем, тоа значи дека ќе морате да прифатите и помалку привлечна понуда, бидејќи тоа ќе биде единствен избор. Гледајте на тоа како на привремено решение додека не ви излезе подобра прилика.

Сонот не се толкува ако неодамна сте биле во допир со багрем или за тоа сте гледале прилог на телевизија или сте читале текст во весници.

Дефиниција за багрем

Багремот е листопадно дрво од фамилијата Robinia и потекнува од САД.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg