Цигари

Term Main definition
Цигари

Ако сонуваш дека пушиш цигара значи дека ќе добиеш добра положба во служба, а ако видиш цигара значи дека ќе се разочараш.

Што значи да сонувате цигари?

Ако сонувате дека пушите цигара

Кога сонувате дека пушите цигара тоа означува дека ќе добиете добра положба во службата. Вашиот труд нема да остане незабележан и брзо ќе напредувате на работа. На шефот ќе му се допадне вашата лојалност и постепеност со која им пристапувате на задачите. Радо ви се обраќа за помош и при секој ваш разговор го изненадувате со некое креативно и ефикасно решение после чија примена не изостануваат резултати.

Ако видите цигара на сон

Ако на сон видите цигара тоа предупредува дека ќе се разочарате. Во вашиот живот веројатно постои лице кое го сметате за пример и на кое се огледувате од мали нозе. Кога подобро ќе го запознаете, ќе сфатите, дека греши како и секој човек. Тоа ќе ви ги промени видиците и ќе направи да се свртите кон себе и од себе да си направите идол.

Ако виткате цигара на сон

Ако сонувате дека виткате цигара имплицира дека спојот на убавото и корисното ќе ви донесе успех. Ќе сакате барем на момент да побегнете од секојдневните обврски и рутини кои почнуваат да ве заморуваат. Ќе почнете да се занимавате со хоби кое сте го користеле во минатото. Тоа може да биде: плетење, шиење, правење нешто или занимавање со физичка активност. Едвај ќе чекате да завршите со работа или учење за да се посветите на она што ве прави среќни.

Ако некој друг витка цигари

Доколку во вашиот сон некој друг мота цигари тоа претставува предупредување да престанете да го уништувате својот живот и здравје со лоши одлуки и навики. Време е конечно да ја преземете работата во свои раце и да направите нешто добро за себе. За почеток, ослободете се од пороците!

Ако некој друг пуши цигари

Доколку пушач сонува дека некој друг пуши цигари значи дека ве очекуваат убави вести и среќни моменти со саканата личност. Наредниот период е наменет за уживање, па потрудете се да го искористите на најдобар можен начин. Не е исклучено да заминете некаде на излет или кратко патување со партнерот на кое повторно ќе се зближите. Ако, пак, личноста на јаве не пуши, а сонува дека некој пуши можеби некој ве опструира. Со своите постапки директно влијае врз вашите планови. Обрнете внимание со кого договарате зделки и кому се доверувате. Во блиско опкружување имате некого кој не ви посакува добро.

Ако купувате цигари

Кога сонувате дека купувате цигари можеби имате неочекуван трошок. Пријател или член на семејството ќе ве покани на некоја прослава. Ќе морате да купите подарок, што ќе ви падне тешко со оглед на тоа дека финансиската ситуација воопшто не ви е сјајна. Имајте предвид дека подарокот не е важен толку колку самиот гест со кој ќе покажете дека сте се јавиле на повикот.

Ако продавате цигари

Ако на сон продавате цигари значи дека во блиска иднина ќе наидете на проблем со законот. Обрнете внимание како се однесувате во сообраќајот. Во спротивно би можеле да добиете казна за сериозен прекршок.

Ако украдете цигара

Кога на сон ќе украдете цигара значи дека ве гризе совеста. Со зборови или дела сте повредиле личност која ви е драга. Подоцна сте станале свесни што сте направиле, па потсвеста ве предупредува дека е време да смислите начин како да се извините. Не одолговлекувајте ако сакате да останете во добри односи со личноста. Ако некој на сон ви украл цигара значи дека блиските се загрижени за вашето здравје. Упорно ве потсетуваат дека е време да посетите лекар, но вие тврдите дека немате време за тоа. Послушајте ги советите, ако не сакате подоцна да се каете.

Ако изгубите цигара

Доколку на сон сте изгубиле цигара и се обидувате да ја најдете укажува на нервоза. Веројатно имате бројни грижи за кои сте размислувале пред заминување во кревет. Иако е полесно да се каже отколку да се направи, потрудете се пред легнување да мислите на позитивни нешта. Обидете се да читате, да слушате лесна музика или да погледнете некој филм, нешто што би можело да ви го сврти вниманието од проблемите.

Ако пронајдете цигари

Кога сонувате дека сте пронашле цигара имплицира дека ќе ја видите личноста која повеќе не живее во вашиот град, со која сте биле многу блиски. Оваа средба многу ќе ве израдува, па заедно ќе евоцирате спомени. Ќе се присетите на среќните и безгрижни моменти, но ќе дојдете до заклучок дека сте имале убаво детство.

Ако подарувате цигари

Ако сонувате дека некому подарувате цигари укажува на завист. Во опкружувањето имате личност која во животот го постигнала се она што вие го сакате. Тоа повеќе ве боли од самиот факт дека не сте задоволни од својот живот. Крајно време е да почнете да ги решавате проблемите во животот и да направите некој план за да ви биде подобро. Не дозволувајте зависта да ве изеде. Туѓиот успех нека ви служи како мотивација.

Ако добиете цигари на подарок

Доколку сонувате дека некој ви подарил цигари значи дека имате таен обожавател. Станува збор за лице кое веќе некое време има симпатии кон вас, но се плаши да ви пријде. Има многу причини – можеби имате партнер, па поради тоа делувате недостапно и строго. Ако се пронаоѓаат во вториот дел од реченицата време е да поработите на својот став. Не и судете на книгата по кориците и дозволете им на луѓето да ве запознаат.

Ако сонувате дека сте престанале да пушите цигари

Кога личноста која е пушач на јаве сонува дека престанала да пуши цигари тоа укажува дека овој факт треба да стане реањлност на јаве. Можеби за тоа сте размислувале на јаве па ве гризе совеста дека уште не сте се откажале од лошата навика. Ако непушач сонува дека престанал да пуши цигари значи дека еден порок ќе замени со друг.

Ако сонувате дека други престанале да пушат

Доколку сонувате дека драга личност престанала да пуши тоа имплицира дека сте загрижени за неговото/нејзиното здравје. Веројатно повеќепати сте се обиделе да го убедите да престане да се труе, но не ви успевало. Затоа својата желба сте ја пренеле на сон.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте купиле цигари, тоа ви оставило впечаток. Друга можност е дека ако планирате да оставите цигари, па потсвесно мислите на цигари.

Дефиниција за цигари

Цигари се цврсто замотан тутун наменет за пушење.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg