Филм

Term Main definition
Филм

Ако сонувате дека гледате филм тоа значи дека ќе заминете на патување, додека во друштво предупредува на неверство во љубовта.

Што значи да сонувате филм?

Ако сами гледате филм

Ако во сонот сами гледате филм тоа имплицира дека ќе заминете на патување. Веројатно веќе долго време сакате да посетите одредени дестинации и малку да побегнете од секојдневните рутини. Коцките убаво ќе ви се наредат, па освен заминувањето на убави места, ќе запознаете и нови луѓе и ќе научите корисни нешта.

Ако сонувате дека гледате филм во друштво

Кога сонувате дека гледате филм во друштво тоа симболизира неверство во љубовта. Можеби во вашиот брак или врска владее монотонија па ќе посакате промена. Бидејќи не сте сигурни дали сте го направиле вистинскиот избор, некое време ќе седите на две столчиња, што ќе ве доведе до непријатна ситуација. На потежок начин ќе научите дека разговорот и решавањето на проблемите е подобра алтернатива од бегање и барање утеха во минливи задоволства.

Ако сонувате дека глумите во филм

Ако сонувате дека глумите во филм тоа значи дека ќе ги преземете нештата во свои раце. Ќе посакате на сите да им докажете дека сте доволно зрели за да можете сами да одлучувате за значајни нешта како што сте: избор на факултет, работа, партнер, итн. Ќе бидете подготвени да се соочите со неуспех, но исто така ќе ги преземете заслугите за сите добри нешта за кои ќе се изборите не дозволувајќи другите постојано да ве задолжуваат и да ве третирааат како личност која зависи од нив.

Ако гледате акционен филм

Доколку сонувате дека гледате акционен филм тоа значи дека сте под стрес. Некои ситуации и настани ве „извадиле од такт“, па имате чувство дека ништо не е во ваши раце. Ќе ви биде потребно одредено време да си ја вратите контролата над животот.

Ако глумите во акционен филм

Ако во сонот глумите во некој акционен филм тоа значи дека имате доволно енергија да се соочите со новиот предизвик и пречка која ќе ви се најде на патот. Свесни сте за сопствените можности, но и за потенцијалниот ризик, но не се плашите бидејќи сте сигурни во успехот.

Ако гледате научно-фантастичен филм

Ваквите соништа почесто ги сонува помладата популација, деца, тинејџери бидејќи се љубители на таков вид на содржина. Доколку сте сонувале дека гледате научно-фантастичен филм тоа имплицира дека сте наивни и често ги идеализирате луѓето коишто ви се допаѓаат. Поради занемарување на туѓите маани, често сте изложени на ризик да бидете повредени. Што повеќе сте повнимателни во изборот на пријатели и партнери, толку помалку ќе страдате.

Ако глумите во научно-фантастичен филм

Сонот во кој глумите во научно-фантастичен филм укажува на тоа дека сте храбра личност која вистински ужива во предизвици и пречки. Најмногу сакате кога морате да вложите многу труд во нешто, бидејќи така сте горди на сопствениот успех. Понекогаш се однесувате детинесто или незрело, но оние кои ве сакаат тоа го доживуваат како обид во душа засекогаш да останете дете.

Ако гледате трилер

Кога на сонот ќе гледате трилер тоа значи дека сте загрижени поради околностите кои не можете да ги промените. Верувате дека се ќе се заврши добро, но ве мачи тоа што ви се врзани рацете. Не сакате такви ситуации бидејќи ве потсетуваат на периодот од животот кој би сакале да го заборавите.

Ако глумите во трилер

Доколку сонувате дека глумите во трилер тоа значи дека во реалноста се залагате за вистината и правдата. Поради своите принципи сте подготвени одлучно да делувате, да ги надминете сите пречки, па дури, и ако е потребно, да ги занемарите своите и туѓите чувства. Овој сон воедно е порака да бидете пољубезни и повнимателни кон луѓето и понекогаш да прифатите компромис.

Ако гледате драма

Ако сонувате дека гледате драма тоа укажува на непријатна средба. Можно е во градот да сретнете личност поради која сте страдале во минатото. Ќе се присетите на се она што ви се случило и ќе посакате никогаш да не сте го/ја запознале.

Ако глумите во драма

Ако сонувате дека глумите во драма тоа имплицира дека се на сметка на другите се обидувате да дојдете до подобра работа или положба во друштво. Нивното влијание го користите за да ве ценат и почитуваат другите. Поради тоа саканите лица ве предупредуваат дека сте се промениле и дека делувате само како да ве интересира сопствениот успех. Не е исклучено дека поради своето однесување ќе изгубите стари пријатели.

Ако гледате хорор филм

Овој сон може да има повеќе значења. Можеби под влијание на некој страв од стварниот живот, па тоа сте го пренеле на сон. Веројатно се плашите дека вашите најлоши стравови ќе се остварат, било да се однесува на неуспех на работа или на пропаст на бракот или врската. Друго значење е дека се плашите од големи животни промени, а трето е дека сте во шок поради нешто што сте слушнале или доживеале.

Ако глумите во хорор филм

Ако сонувате дека глумите во хорор филм тоа имплицира дека ќе ве повреди туѓо однесување. Можеби ќе ве изненади некој за кој никогаш не би рекле дека може така да се однесува, а можно е и дека кон вас ќе се однесува лошо и безобразно некоја непозната личност. Не дозволувајте тоа да влијае врз вас. Сите луѓе се различни, којзнае зошто сте станале жртва на туѓа нервоза, бес или едноставно незадоволство.

Ако гледате романтичен филм

Кога во сонот гледате романтичен филм тоа ја симболизира вашата желба некому да му се допаднете или да го/ја заведете. Ова дури може да се однесува на партнерот, ако односите помеѓу вас се оладени. Можеби имате чувство дека ништо не е како порано, па размислувате на кој начин да му го вратите интересот кон вас.

Ако глумите во романтичен филм

Сон во којшто глумите во романтичен филм е јасен симбол за осаменост. Ако долго време сте сами, ова чувство е сосема природно и нормално. Меѓутоа, ако се чувствувате осамено во врска или во брак, тоа значи дека нешто не е во ред. Разговарајте со партнерот/партнерката и кажете му/и што чувствувате.

Ако гледате комедија

Кога сонувате дека гледате комедија тоа имплицира дека се штедите и не сакате да си го расфрлате своето знаење, интелигенција и вештини на нешто што не ви донесува ниту морална ниту финансиска добивка.

Ако глумите во комедија

Ако сонувате дека глумите во комедија тоа значи дека ви е многу важно што мисли околината за вас. Овие ваши комплекси ги влечете од минатото и тешко би се ослободиле од нив ако седите со скрстени раце. Кога ќе се засакате себеси и на другите ќе им биде лесно да ве сакаат.

Ако гледате филм за возрасни

Соништа со еротски или порнографски филмови имаат повеќе значења. Понекогаш укажуваат на желби, цели, копнежи за нешто што не можете да го достигнете. Од друга страна, сон во кој гледате порно филм укажува на заблуди или нереални сексуални фантазии.

Ако глумите во филм за возрасни

Доколку сонувате дека глумите во филм за возрасни тоа значи дека конечно ќе успеете ги надминете комплексите кои ве мачат. Истите не мора да се однесуваат на сексуалноста, туку и на недостаток на самодоверба поради физичкиот изглед, образование и слично.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку се занимавате со филм или со глупа или пак сте гледале филм, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за филм

Филм е посебен вид на уметност во кој се користи јазик, граматика  и стилистика за да се создаде илузија на реалноста.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg