Галија

Term Main definition
Галија

Галија во сон предупредува дека ве очекуваат непријатности, а галија полна со воска предупредува на недоразбирања на работното место.

Што значи да сонувате галија?

Галија на сон обично има позитивно значење. Често симболизира среќа и благосостојба а може да биде и знак на продуктивност, зголемена енергија и подобрување на општата животна состојба.

Понекогаш укажува на слава, чест и достигнувања. Затоа толкувањето зависи од контекстот во кој се одвива, но и од деталите кои го следат.

Ако сонувате галија

Ако во сонот видите галија тоа имплицира дека ќе доживеете некоја непријатност. Можеби секој ваш предлог ќе наидува на неприфаќање од многу луѓе од кои сте очекувале поддршка. Ќе имате чувство дека се борите против ветерници кои сериозно ви се закануваат дека ќе ве уништат.

Наспроти сето тоа, ова искуство ќе ви биде многу корисно бидејќи ќе научите да си ги браните ставовите и да истраете без оглед на пречките. Така ќе можете да им се заблагодарите на луѓето кои со своето противење го извлекле она најдоброто од вас и што ве натерале да се борите.

Ако слушнете галија

Ако сонувате дека слушате галија тоа е предупредување дека ќе бидете во опасност. Се сметате за човек кој не прифаќа компромиси и кој по секоја цена се бори со неправдите. Тоа нема да им се допадне на одредени деловни соработници па ќе може да се случи да ви се закануваат да престанете да копате низ нешта кои, по нивно мислење, не се ваша работа.

Веројатно и самите ќе ви предочат, на суптилен начин, што ве очекува ако продолжите со започнатата работа.  Иако сте свесни дека најпаметно ќе ви биде да се повлечете, совеста и авантуристичкиот дух ќе ве натераат да продолжите со истрагата и да ги откриете нивните лаги.

Ако сонувате дека градите галија

Доколку сонувате дека градите галија тоа укажува на романтични и убави настани во вашиот живот. Можеби односите со партнерот ќе се поправат, па ќе уживате во својата врска или во бракот. Ако во моментот сте сами, постојат реални шанси во блиска иднина овој статус да се промени. Уживајте во периодот кој следува.

Ако сонувате дека пловите на галија

Ваквиот сон симболизира потреба да промените нешто во животот. Оваа промена може да се однесува на начинот на живот, местото на живеење, работа или факултет. Во секој случај би можела да ви донесе многу позитивни нешта. Затоа постапите храбро и одлучно.

Друго значење се однесува директно на вашата личност. Вие сте личност која оддава позитивна енергија, се трудите да им угодите на другите луѓе и поради тоа многу луѓе ве сакаат и ве ценат.

Ако сонувате галија во невреме

Кога сонувате дека пловите со галија за време на страшно невреме тоа може да го симболизира тешкиот период кој е пред вас. Ваквите соништа предупредуваат на опасност, а тоа подразбира измами, сплетки во приватниот и во деловниот живот.

Ако, пак, набљудувате галија како се бори со невреме тоа значи дека благодарение на вашата снаодливост ќе успеете да се извлечете од непријатна ситуација. Можеби на тој начин ќе направите голема грешка но ќе успеете да се извлечете и да избегнете последици, така што се ќе се среди со текот на времето.

Ако видите галерија која пристигнува на пристаниште

Доколку во сонот галеријата пристигнува на пристаниште тоа имплицира дека ќе добиете неочекувани, но поволни вести во врска со вашите планови и проекти. Ваквиот сон симболизира добра среќа, богатство и успех во работата.

Ако имате приватен бизнис постои можност дека ќе пронајдете добри деловни соработници поради кои бизнисот ќе ви стане поуспешен.

Ако видите како галија си заминува од пристаниште

Сонот во кој набљудувате како галијата го напушта пристаништето укажува дека инвестициите би можеле да ви бидат исплатливи. Доколку сте размислувале да купувате недвижнини, автомобил или некои други нешта со поголема вредност сега е вистинскиот момент за такво нешто.

Исто така, сонот може да се однесува на добра конекција со партнерот. Имате многу разбирање еден за друг, па партнерот во моментот ви е најголема поддршка во животот.

Ако гледате како тоне галија

Ако во сонот видите галија како тоне тоа може да симболизира недостаток на продуктивност, инспирација или самодоверба. Сонот е поврзан исклучиво за деловната сфера на вашиот живот. Сето тоа е последица на големиот страв од неуспех. Со желба да докажете дека можете да успеете потполно сте се истрошиле.

Ако го промените ставот и однесувањето, исходот од вашиот труд ќе биде сосема поинаков. Кога работите  на себе и исклучиво поради себе, нештата се полесни и уживањето поради успесите е поголемо.

Ако сонувате стара, напуштена галија

Кога во сонот ќе видите стара, напуштена или уништена галија тоа значи дека условите за живот значително ќе ви се поправат, но не во блиска иднина. Ќе ви треба многу време, енергија, трпение и работа за да го постигнете се она што го сакате. Дотогаш морате да се соочите со многубројни пречки и предизвици кои понекогаш ќе имаат сила да ве обесхрабрат.

Ако бидете свесни за целта којашто сакате да ја постигнете во животот, сигурно ќе успеете во тоа.

Ако сонувате насукана галија

Ваквиот сон е предупредување да бидете поодлучни и повеќе да верувате во сопствените способности. Целиот свој живот се раководите според девизата „три пати мери, еднаш сечи“, но околината овојпат ќе ве советува да не претерувате со внимателноста, туку конечно да се опуштите во животот.

Досега и на себе и на другите сте им докажале своите квалитети така што можете во потполност да бидете сигурни дека никој нема да ја изгуби вербата во вас ако случајно направите некоја лоша одлука. Од друга страна, ако одлуката се покаже исправна, би можеле да стекнете многу благодети.

Ако сонувате дека купувате галија

Доколку сонувате дека купувате галија тоа значи дека ќе ве привлече некоја сосема посебна личност. Неговата/нејзината мистериозност сосема ќе ве маѓепса, па ќе направите се за да го/ја заведете. Ако ви успее овој подвиг ќе бидете најсреќната личност на светот.

Ако сонувате дека продавате галија

Ако во сонот продавате галија тоа значи дека конечно ќе почнете да го цените и она што не се купува со пари. Веќе некое време материјалните нешта ви се поважни од љубовта, семејството, пријателите.... Меѓутоа, во исклучително тешки моменти ќе сфатите колку ви значи вниманието и поддршката од луѓето кои ве сакаат.

Дури тогаш ќе сфатите дека во животот сте направиле безброј грешки затоа што сте трчале по пари.

Ако сонувате дека уривате или палите галија

Кога во сонот уништувате галија тоа имплицира дека ќе се обидете да го наговорите партнерот да направи нешто по ваша волја. Ќе успеете да го убедите дека сте во право и дека вашиот начин на решавање на проблемот е подобар и поконструктивен. Кога конечно ќе го прифати вашиот совет ќе го доживеете тоа како сопствена победа. Поуката на сето тоа е да престанете да се играте со личноста која ве сака бидејќи тоа кога-тогаш ќе ви се одбие од главата.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или слушнале галија, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за галија

Галија може да биде старински брод или територија на денешна Франција која во минатото била дел од Римска Империја.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg