Глава

Term Main definition
Глава

Можно е поради големи трошоци да морате да се откажете од луксузот во којшто сте живееле досега.

Што значи да сонувате глава?

Ако сонувате тазе шишана глава

Ако во сонот видите тазе шишана глава, тоа симболизира загуба. Можно е поради големи трошоци да морате да се откажете од луксузот во којшто сте живееле досега.

Тешко ќе ви падне новонастанатата ситуација па на почетокот нема да умеете да се снајдете најдобро. Многубројните долгови ќе ве примораат да си го стегнете ременот и да научите да составувате крај со крај.

Ако сонувате седа глава

Кога сонувате седа глава, тоа означува голема почест. Веројатно каде и да се појавите оставате впечаток на авторитативна личност која заслужува почит и воодушевување од околината.

Вашето семејство и колегите ќе умеат да ги ценат вашата посветеност и способност, па во секој момент ќе ви покажуваат колку многу им значите.

Ако сонувате ќелава глава

Ако сонувате ќелава глава тоа предупредува дека ќе наидете на потешкотии на работното место. Може да се случи да настане промена на сопственичката структура на фирмата што ќе предизвика големо пореметување во работното опкружување.

Ќе се изјаловат договорите коишто ги имате со претходниот шеф што ќе придонесе да се чувствувате несигурно и насамарено.

Ако сонувате избричена глава

Доколку во сонот видите избричена глава тоа имплицира дека ќе ве снајде несреќа. Можеби ќе имате судири со луѓето кои другите ги избегнуваат.

Со оглед на тоа дека сте борец за правда и за искреност и тоа ќе го сметате за ваша обврска, ќе се најдете во непријатна ситуација каде што ќе останете сами да се борите со суровите ветерници.

Ако сонувате отсечена глава

Ако сонувате отсечена глава тоа укажува дека ќе изгубите пријател. Иако не сте сакале да си признаете, веќе долго време имате чувство дека не сте на иста бранова должина. Како вие што сте се промениле, така и вашиот пријател или пријателка се променил/ла, до таа мера што веќе не се разбирате меѓу себе и немате заеднички интереси.

Со тешко срце ќе сфатите дека е подобро да пуштите времето да покаже дали има смисла да се борите за врската која се одржува само на убави моменти од далечното минато додека сегашноста и иднината воопшто не се блескави.

Ако немате глава во сонот

Ако во сонот немате глава тоа значи дека сте брзоплета личност. И покрај тоа што луѓето ви говорат дека сте како мува без глава, оваа споредба не ве допира и продолжувате да правите што сакате. Не се грижите за утрешниот ден туку уживате во секој убав момент.

Честопати се соочувате со бројни критики, но вие добро знаете дека многумина ви завидуваат и дека се би направиле да бидат на ваше место.

Ако носите глава во раце во сонот

Кога сонувате дека носите глава во раце, тоа симболизира љубовно предавство. Веројатно ќе бидете во врска со личност поради која ви трепери срцето и за која сте ја изгубиле главата. Иако сакате остатокот на животот да го поминете со неа/него, на почетокот не сте биле сигурни дали сте подготвени да се жртвувате поради она што го налага таквата врска.

Меѓутоа, ќе сфатите дека е крајно време да кренете бело знаменце и да уживате заедно.

Ако сонувате дека имате многу голема глава

Доколку сонувате дека имате необично голема глава тоа имплицира дека сте претерано арогантни. Убаво е што имате самодоверба, но со вашето однесување ги иритирате луѓето околу себе. Преголемото его може само лошо да влијае врз вашиот социјален живот, бидејќи луѓето ќе почнат да ве избегнуваат. Исто важи и кога работата е во прашање.

Колегите и работодавците ја ценат вашата стручност, но тоа не значи дека имате право да омаловажувате се околу себе.

Ако сонувате дека имате мала глава

Сон во кој имате многу мала глава симболизира комплекси поради кои пропуштате бројни прилики да бидете успешни и среќни. Почнете да се сакате себеси и престанете да и намалувате успесите кои досега ги имате постигнато. Немојте да ги игнорирате пофалбите или комплиментите коишто ги добивате. Нека ви станат поттик да бидете уште подобри.

Ако сонувате дека имате две глави

Ако во сонот имате две глави тоа укажува на среќа и добра деловна одлука. Можеби ќе добиете понуда за работа која не се одбива. Конечно ќе можете да ги материјализирате своите знаења, вештини и искуство. Не е исклучено ниту дека ќе го промените местото на живеење.

Според старите соновници, кога сонувате дека имате повеќе од една глава тоа значи дека ќе се случи неочекувана болест или смрт во поширокото семејство.

Ако сонувате дека некому сте му отсекле глава

Ваквиот сон е многу непријатен, но нема негативно значење. Во блиска иднина би можел да ве посети роднина или пријател кого долго време не сте го виделе. Ќе ви биде драго кога ќе се појави на портите, па ќе уживате во евоцирање на спомени од детството и од младоста.

Ветете му дека почесто ќе се дружите бидејќи е една од ретките личности на кои можете да им се доверите и да бидете сигурни дека вашата тајна ќе биде на сигурно.

Ако сонувате дека вам некој ви ја отсекол главата

Сонот во кој некој друг човек ви ја отсекол главата е предупредување да не вложувате пари во ризични проекти и зделки. Бидете особено внимателни при купување недвижнини, автомобил или некои други вредни работи, бидејќи низ времето невниманието би можело да ви се одбие од глава.

Можно е некому да позајмите пари кои никогаш нема да си ги добиете назад.

Ако си ја видите сопствената глава на рентен

Ако во сонот гледате рентген слика од сопствената глава тоа имплицира дека наскоро ќе морате да ги анализирате своите постапки од минатото и да се посветите на планирање на иднината. Ќе сфатите дека сте дозволиле времето да тече покрај вас и кога ќе се свртите ви се чини дека ништо не сте постигнале.

Тоа ќе ви предизвика страшен немир, па цврсто ќе одлучите во иднина подобро да ги планирате сите потези за да успеете да го остварите она што сте го зацртале.

Ако сонувате дека сте ранети во главата

Ваквиот сон значи дека некој или нешто ќе ви биде пречка во однос на плановите. Веројатно во вашето опкружување постои некој поради чија несигурност пропуштате добри прилики. Поради него/нејзе можеби го имате напуштено факултетот, сте одбиле работно место во друга земја или пак сте се откажале од купување на нов стан или куќа.

Конечно сте сфатиле дека оваа личност ве сопнува и несвесно опструира, па ќе се обидете отворено да разговарате со неа за тоа. Воопшто нема да ви биде лесно да најдете заеднички јазик, но ако сакате да имате подобра иднина за себеси, неизбежен е компромис и договор.

Ако сонувате дека некого сте раниле во глава

Доколку сонувате дека некого сте раниле во глава тоа значи дека се плашите од промени. Многу ретко ви се случува да излезете од својата комфорна зона, затоа долго време сте заглавени на истото работно место и ништо не ве прави среќни. Стравот од неуспехот е ваша главна кочница поради која досега сте пропуштиле многу добри прилики како се во прашање работата и приватниот живот.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред спиење сте виделе нечија глава , тоа сигурно ви оставило впечаток врз вашата потсвест.

Дефиниција за глава

Глава е дел од човечкото и животинското тело која се наоѓа на предната страна од телото.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg