Гледате некого/нешто

Term Main definition
Гледате некого/нешто

Ако гледате во небо тоа значи дека копнеете по некого кој ви е многу драг.

Што значи да сонувате дека гледате нешто?

Ако гледате во небото

Ако во сонот го гледате небото, тоа укажува дека некој ви недостасува. Без разлика на тоа колку и да се обидувате да ги скриете своите чувства, во вашиот поглед и глас може да се забележи дека не сте среќни.

Животот се трудите да си го збогатите со интересни содржини и да бидете во друштво на блиски луѓе, но неретко ви паѓа на памет личноста, која покрај се, сметате дека е љубовта на вашиот живот. Иако сте дале се од себе да ви успеат претходните врски, само еден негов/нејзин повик е доволен да сфатите дека не сте го преболеле.

Ако гледате река во сонот

Кога сонувате дека гледате река, тоа укажува дека жалите поради пропуштените прилики. За вас може да се каже дека живеете во минатото и дека не можете да си простите бидејќи не сте ја одиграле попаметно шаховската партија наречена живот. Таквиот став само може да ве спречи да ја креирате посакуваната иднина и да сфатите дека во тој момент сте го пружиле најдоброто што сте можеле.

Ако набљудувате дрва во сонот

Ако сонувате дека гледате дрва тоа значи дека сакате да поминувате време во природа. Ве интересира екологијата и радо се придржувате до советите поврзани со рециклирање и зачувување на животната средина. Веројатно имате и домашно милениче со кое секојдневно одите на долги прошетки.

Се трудите да бидете опкружени со истомисленици кои константно работат на себе и сакаат да се изборат за зајакнување на свеста кај луѓето кои ќе доведат до позитивни промени.

Ако сонувате дека гледате море

Доколку сонувате дека гледате море тоа значи дека сте многу трпелива личност. Животното мото ви е тивка вода брег рони и секогаш се трудите да донесувате одлуки кои сосема се исправни. Радо прифаќате совети и сугестии на луѓето на кои им верувате и кое имаат поголемо животно искуство од вас.

Се потпирате на разумот и на интуицијата, а во ретки прилики дозволувате да ве води срцето. Овој сон не се толкува ако пред некое време сте гледале море, бидејќи тоа ви оставило силен впечаток.

Ако сонувате дека гледате како си играат децата

Сон во кој гледате како се играат дечињата симболизира мир и благосостојба во семејството. Сте пребродиле многу тежок период исполнет со пречки, проблеми и предизвици и конечно можете да се опуштите и да се одморите. Наредната фаза од вашиот живот ќе биде исполнета со уживање и радост. Постои можност дека во семејството ќе ви пристигне нов член.

Ако сонувате дека гледате телевизија

Со оглед на тоа дека поголемиот дел од луѓето гледаат телевизија пред да заминат во кревет, ваквиот сон може да биде потполно ирелевантен бидејќи  е во врска со искуството коешто сте го доживеале пред спиење. Меѓутоа, подлабоката смисла на овие соништа се однесува на вашето доживување за себе, во емоционална, физичка или психичка смисла.

Можеби ќе го преиспитате вашето однесување или чувства кон некого или нешто. Можеби сте преоптоварени со тоа како ве гледаат другите луѓе или се плашите дека ќе наидете на осуда од околината за своите постапки.

Ако сонувате дека гледате филм

Ваквиот сон симболизира потреба да побегнете од секојдневните рутини. Можеби ќе се одлучите да посетите земја која отсекогаш сте мечтаеле да ја посетите.

Ако сонувате дека гледате натпревар

Ако во сонот гледате натпревар или некое друго спортско случување тоа имплицира дека наскоро ќе отпатувате некаде. Може да ви се случи во текот на посетата на знаменитостите на градот да погледнете натпревар од спортскиот тим којшто го следите.

Ваквите соништа почесто ги сонуваат мажите отколку жените. Меѓутоа, доколку пред спиење сте гледале натпревар сонот не се толкува.

Ако сонувате дека гледате стари фотографии

Доколку сонувате дека гледате стари фотографии тоа имплицира дека наскоро ќе сретнете личност која долго време не сте ја виделе. Веројатно станува збор за некој пријател од детството со кого сте биле неразделни. Ќе бидете среќни што и двајцата ќе најдете време да испиете кафе  и да се присетите на безгрижните денови кои сте ги поминале заедно.

Ако сонувате дека го гледате саканиот или саканата како спие

Кога во сонот си ја гледате саканата личност како спие тоа значи дека треба да му/и признаете како се чувствувате. Доколку вашата љубов не е силна како на почетокот на врската, би морале тоа да му/и го кажете. Од друга страна, ако криете нешто од драгиот/драгата секога веројатно ве гризе совеста поради тоа.

Клучот на секоја добра врска, меѓу другото е и искреноста и довербата. Не го заборавајте тоа!

Ако сонувате дека гледате како некој се соблекува

Ако во сонот гледате како некоја личност од спротивниот пол се соблекува, тоа значи дека се плашите да му/и ги признаете на партнерот или партнерката своите сексуални фантазии. Страв ви е да не помисли дека сте претерано перверзни за неговиот/нејзиниот вкус, а од друга страна обичниот „секс“ не ве исполнува.

Секако дека вие тоа нема да му го признаете на почетокот на врската, но ако подобро се запознаете би требале да му/и кажете како се чувствувате.  Никогаш не се знае дали вашите предлози ќе му/и се допаднат или не.

Толкувањето на соништата во кои гледате личност која ја познавате како се соблекува зависи од многу фактори.  Доколку станува збор за личност која ви се допаѓа, тогаш тоа е сосема нормално. Сепак, ако станува збор за личност која на ниту еден начин не ве привлекува, уште полошо, ако станува збор за член на семејството или роднина, тогаш тоа е знак дека сте осамени.

Без разлика дали сте во врска или сами, нешто ви недостасува, па затоа правите вакви компензации во вид на вакви соништа.

Ако сонувате дека гледате како некој се облекува

Кога сонувате дека гледате непозната личност како се облекува а притоа е од спротивен пол можеби се срамите од  сопствените чувства кон некого. Веројатно ви се допаѓа личност која од одредена причина не ви е достапна. Можеби и самите не сте достапни, па со тоа и вашиот срам е уште поголем. Доколку, пак, во сонот гледате личност која ја познавате како се облекува тоа значи дека имате некој таен обожавател.

Сигурно не ни замислувате дека и се допаѓате на личноста со која поминувате многу време. Можеби нешто сте забележале, но многу бргу сте ја отфрлиле можноста бидејќи ви делувала нереална. Следниот пат обрнете внимание како се однесуваат некои луѓе кон вас во друштво, сигурно ќе воочите за која личност се работи.

Ако сонувате дека гледате како некои луѓе водат љубов

Ако сонувате дека гледате како некои други луѓе водат љубов тоа имплицира дека претерано сте срамежливи и како последица на тоа пропуштате многу прилики вистински да уживате. Се заруменувате дури и кога некој ќе го спомене зборот секс. Веројатно без оглед на годините го доживувате како табу тема, па на својот партнер или партнерка никогаш не му/и ги кажувате своите желби и потреби.

Значењето на овие соништа поврзани со гледањето некого или нешто можат да бидат многу поедноставни. Доколку пред скоро време сте гледале нешто или некого долго време, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз потсвеста.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg