Ќерамиди

Term Main definition
Ќерамиди

Цели ќерамиди на сон означуваат здравје, добивка, а скршени солзи, болест, несреќа.

Што значи да сонувате ќерамиди?

Ако видите ќерамиди на сон

Ако на сон видите цели ќерамиди, тоа симболизира здравје и добивка. Позитивниот став кон животот ќе ви помогне да привлечете луѓе со слична енергија со кои ќе можете да разменувате искуства и да научите нови нешта кои ќе ви користат во животот. Константното унапредување на себеси ќе ви овозможи добри деловни понуди од луѓе кои умеат да го ценат вашиот труд и желба за усовршување.

Ако видите скршени ќерамиди на сон

Ако сонувате скршени ќерамиди, тоа предупредува на солзи. Можеби ви претстои период кој ќе биде лош и ќе дознаете вести кои ќе ве растажат. Ако бидат поврзани за здравјето, ќе се чувствувате беспомошно и нема да можете да направите ништо за некој кој ќе се разболи.

Ако сонувате дека редите ќерамиди

Ако сонувате дека редите ќерамиди тоа имплицира дека со мали, но сигурни чекори ќе чекорите напред. Секоја ваша победа или добивка ќе се заснова на темелна работа која ќе стане ваша главна карактеристика. Луѓето кои ве познаваат едвај ќе чекаат да соработуваат со вас бидејќи знаат со колкава посветеност работите на секоја зададена задача.

Ако некој друг реди ќерамиди во вашиот сон тоа укажува на завист или љубомора која ја чувствувате кон некого. Во вашето опкружување постои личност која го постигнала она што вие го мечтаете цел живот. Наместо тоа да ви биде мотивација и вие да си ги остварите соновите, вие го гледате со презир и се надевате дека нема долго да ужива во тоа што го има.

Ако сонувате дека фрлате ќерамиди

Ако сонувате дека фрлате ќерамиди од кров тоа значи дека вашите неуспеси ве поколебале до таа мера што немате мотивација за ништо. Ви недостасува енергија да се борите за својата иднина. Сте почнале да ја осудувате на пропаст незапочнатата работа. Среќа е што ова расположение нема да трае долго, но тоа не значи дека треба да седите со скрстени раце, туку да барате начини да ги постигнете целите.

Ако сонувате дека други фрлаат ќерамиди

Сон во кој некој друг фрла ќерамиди предупредува да се чувате од туѓа суета. Можеби колегата на работа ви завидува поради тоа што постигнувате подобри резултати и поради тоа ќе се обиде да ве саботира. Обрнете внимание како се однесуваат луѓето во вашето опкружување и сигурно ќе воочите дека постои некој чии намери не се потполно искрени и јасни.

Ако сонувате дека фрлате ќерамиди врз некого

Ако сонувате дека мавате некого со ќерамиди тоа значи дека е време да пораснете и преземете одговорност за своите постапки. Долго време сте се потпирале на родителите, пријателите, соработниците или партнерите кои во секој момент знаеле што треба да направат за да ви биде подобро. Сепак, дојдено е време кога сами треба да донесете одлуки и да преземете одговорност за евентуалните грешки.

Ако сонувате дека некој фрла ќерамиди врз вас

Ако на сон некој сака да ве погоди со ќерамиди потсвеста ве предупредува да се ослободите од предрасудите поради кои пропуштате многу убави работи во животот. Добро е да имате став за некого или нешто, но само ако се темели на искуство и знаење. Во секој друг случај сте во заблуда дека нешто е лошо или погрешно само затоа што вие така велите.

Ако сонувате дека ви паднала ќерамида врз глава

Овој сон укажува дека треба да внимавате како разговарате со оние кои ве сакаат и почитуваат, бидејќи вашето однесување се поретко ќе наидува на разбирање кај нив. Тоа што вие го сметате тоа за навреда е ваш прилично незрел став. Време е да ја промените оваа ваша грда навика ако не сакате луѓето да бегаат од вас.

Ако сонувате дека правите ќерамиди

Ако сонувате дека правите ќерамиди значи дека имате потреба од заштита. Сте имале некои лоши искуства кои денес ве спречуваат да процените кој ви посакува добро, а кој не. Можеби би требале да разговарате со личност на која и верувате и чие мислење го цените. Добар совет би можел да ви помогне да научите како да се однесувате кон луѓето.

Ако сонувате дека други прават ќерамиди

Ако на сон видите дека други луѓе прават ќерамиди тоа имплицира дека ќе се најдете во друштво на луѓе кои би можеле да ви помогнат да пронајдете нова или да промените работа или да се ослободите од  некоја правна перипетија која долго време ви претставува проблем. Ќе се потрудите суптилно да им свртите внимание, но ви треба некое време да ги наговорите да ви помогнат.

Ако сонувате дека купувате ќерамиди

Кога сонувате дека купувате ќерамиди тоа може да има повеќе значења. За помлади луѓе кои планираат да засноваат семејство овој сон укажува на грижа за иднината. Ако не сте во таква положба сонот може да означува загриженост за блиски луѓе. Овие соништа се почести кај родителите чии деца студираат, бараат работа или планираат потомство.

Ако сонувате дека продавате ќерамиди

Ако сонувате дека продавате ќерамиди тоа значи дека пред вас е еден турбулентен период особено кога станува збор за финансиите. Ќе имате бројни трошоци кои ќе ги надминуваат средствата со кои располагате. Затоа ќе посегнувате по краткорочни решенија, како на пример позајмувања од роднини, пријатели или банкарски установи. Меѓутоа, на долг рок, задолжувањето нема да ви ја донесе посакуваната стабилност, па затоа нема да ви биде на одмет да побарате дополнителна работа, барем додека не почнете да заработувате доволно за да си ги подмирите секојдневните потреби кои ги имате.

Толкувањето на соновите зависи и од видот на ќерамидите кои ги сонувате. Ако на сон видите ќерамиди од глина тоа значи дека без причина ќе се грижите за здравјето на саканата личност. Во случај да станува збор за масивни бетонски ќерамиди тоа имплицира дека паѓате под влијание на околината и честопати немате сопствено мислење за одредена тема.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте свртеле внимание на ќерамиди или работите нешто поврзано со нив, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за ќерамиди

Ќерамиди се кровни покривки кои се прават од глина, стакло или бетон.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg