Лице (своето)

Term Main definition
Лице (своето)

Нормално: болест; бледо: изложен си на голема опасност; грдо или остарено: големи грижи; убаво или разубавено: среќен брак; насмеано: љубовна среќа; криење на лицето: лош глас; гледање во вода: долг живот и углед.

Што значи да го сонувате своето лице?

Ако во сон гледате нормално лице, тоа означува болест. Можно е да се преправате дека сè е во ред во вашиот живот за да не ги оптоварувате членовите на семејството кои не треба да се грижат многу за вас. Иако оставате впечаток на задоволна личност, само вие знаете колку товар носите на душата и дека ви снемува сила за да продолжите со тоа.

Сонување бледо лице е предупредување дека сте изложени на голема опасност. Може да се случи некому на работа да не му се допаѓаат принципите до кои се придржувате, а тоа се транспарентност и одговорност. Вие нема да сакате да ризикувате добра работа и репутација за брза заработка што ќе ви нанесе многу повеќе штета отколку корист.

Таквиот став ќе ви донесе конфликти со луѓе кои имаат поинакви планови и намери.

Кога во сон ќе видите грдо или остарено лице, тоа укажува дека сте загрижени. Веројатно сте навикнале членовите на вашето семејство секогаш да можат да се потпрат на вас, но како одминува времето, сфаќате дека сте им направиле магарешка услуга. Бидејќи веќе не можете да им помагате како порано, тие ќе бидат принудени сами да си го обезбедат она што им е потребно.

Доколку во сон гледате убаво лице, тоа симболизира среќен брак. Може да се каже дека вашиот брачен живот ви годи, што е повеќе од очигледно. Многу работи поинаку ги набљудувате и зрачите со позитивна енергија што е во состојба да ги расположи сите.

Сонување насмеано лице означува љубовна среќа. Водени сте од изреката дека оној што последен се смее се смее најслатко. Можно е да сте имале многу трпеливост и да сте чекале вистински момент да ѝ пријдете на личноста што ви се допаѓа. Иако можевте да го направите тоа и претходно, вие сакавте да бидете целосно сигурни дека нема да бидете одбиени.

Ако во сон го криете лицето, тоа означува лош глас. Може да се случи да ве клевети личност со која сте се замериле, па што и да кажете или направите, ќе биде доведено во прашање. Многу тешко ќе ја поднесете оваа ситуација и само ќе сакате да се тргнете и да оставите времето да ги излечи сите ваши рани.

Сонување дека гледате лице во вода симболизира долг живот и углед. Вие сте личност која секогаш се придржувала на правилото дека треба три пати да се мери и да сече само еднаш. Не зборувате многу, но кога зборувате се трудите вашите зборови да имаат смисла. Вие сте горди затоа што не постои ништо што би промениле во животот или би направите поинаку, туку цврсто стоите зад вашите  постапки.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе нормално, бледо, грдо или убаво лице, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg