Женски гради

Term Main definition
Женски гради

Бујни: со малку иницијатива ве очекува задоволство; ако бакнувате: неверство.

Што значи да сонувате женски гради?

Ако сонувате голи гради

Кога сонувате бујни женски гради, тоа укажува дека со малку иницијатива ве очекува задоволство. Веројатно веќе подолго време ви се допаѓа личност која често ја гледате, но никако не успевате да соберете храброст да ѝ признаете како се чувствувате. Иако на прв поглед делува ладно и незаинтересирано, тој/таа сака да го направите првиот чекор.

Ова искуство ќе ви биде многу значајно за во иднина бидејќи ќе научите да се соочите со стравот од одбивање и ќе сфатите дека не е толку страшно како што сте си замислувале.

Ако сонувате полни и јадри женски гради

Ако видите полни и јадри женски гради во вашиот сон, тоа значи невозвратена љубов. Можно е да ја пуштите саканата личност да си замине од вашиот живот, за што ќе жалите. Здраво за готово сте сфатиле многу работи и не сте му/ѝ обрнале внимание што го заслужувал/заслужувала.

Сте немале слух за неговите/нејзините проблеми и би промениле многу нешта ако добиете само уште една шанса да му/ѝ докажете дека сте се смениле и дека повеќе нема да ги правите истите грешки.

Ако бакнувате женски гради во сон

Ако сонувате дека бакнувате женски гради тоа симболизира неверство. Можеби сте се оддалечиле од партнерот/партнерката и дека во негово друштво повеќе не се чувствувате пријатно како некогаш. Во прилог на тоа говори мешањето на трета личност во врската или во бракот која ќе ви го привлече сето внимание.

И самите знаете дека тоа никогаш не би се случило ако помеѓу вас било сè како што треба. Сериозно ќе размислувате за тоа да му признаете на партнерот дека повеќе не ја гледате смислата на врската која не ве прави среќни.

Ако сонувате дека допирате женски гради

Кога маж сонува дека допира женски гради тоа имплицира дека се обидува да ги сокрие своите сексуални фантазии од личноста која ја сака. Веројатно се плашите како ќе реагира вашата партнерка ако случајно предложите неконвенционално во постелата.

Доколку долго време сте во врска или во брак, сигурно долго време ве познава така што нема да помисли дека сте настрани, но ако вашата врска е свежа и не се познавате баш најдобро, би требале да почекате со предлозите кои се однесуваат на вашиот сексуален живот.

Ако, пак, жена сонува дека допира други женски гради тоа значи дека потребна ѝ е промена во животот. Сигурно сте се презаситиле од секојдневните рутини, работата или местото каде што живеете. Би сакале да испробате нешто ново, но се плашите како би реагирала околината на тоа.

Таквото размислување отсекогаш ве спречувало да уживате во животот и да го работите она што го сакате.

Ако сонувате дека гледате женски гради од кои тече млеко

Доколку во сонот гледате женски гради од кои тече млеко тоа имплицира дека чувствувате како повеќе да давате отколку што добивате. Веројатно многу внимание и енергија сте насочиле кон тоа луѓето околу вас да се среќни свесно жртвувајќи ги сопствените потреби.

Понекогаш се чувствувате запоставено, но морате да знаете дека оваа ситуација самите си ја создале. Ставете се себеси на прво место и нештата за брзо време ќе се променат.

Ако сонувате гради коишто крвават

Ако во сонот гледате гради коишто крвават тоа значи дека сте исцрпени од грижи за некого. Сигурно во опкружувањето имате некого кому многу сте му потребни, било да се работи за малолетно дете или за немоќен родител. Љубовта кон таа личност ве турка напред и ви дава сила да издржите, но вие сè почесто чувствувате умор.

Можеби би требале барем на кратко да се посветите на себеси. Тоа не е знак на себичност, туку на неопходен потег да го сочувате своето тело и дух. Никој нема да ви замери бидејќи сакате да ја обновите енергијата и повторно да се насочите кон саканата личност.

Ако сонувате мали гради

Толкувањето на сонот со мали гради зависи од тоа дали сте маж или жена. За мажите ваквите соништа симболизираат финансиски потешкотии, па дури и здравствени проблеми во своето семејство. Ако, пак, жена сонува дека има мали гради тоа симболизира недостаток на самодоверба.

Би требале да поработите на тоа да се задоволите себеси. Кога самите себе ќе се цените и другите ќе ви покажат дека ве ценат.

Ако сонувате големи гради

Ваквиот сон исто така зависи од тоа кој пол сте. Доколку маж сонува големи женски гради тоа значи дека има незадоволени сексуални нагони. Веројатно не можете да се задоволите со квалитетни или редовни сексуални односи. 

Кога жена сонува дека има големи гради тоа укажува на среќа и исплатливи подвизи. Можна е промена на факултет, занимање  или работа која ќе се испостави за исправен потег.

Кога сонувате гради со различни величини

За двата пола овој сон е знак на нерамнотежа и незадоволство од сексуалниот живот. Личностите кои долго време се сами веројатно ја чувствуваат фрустрацијата поради тоа, а оние кои се во врска или во брак сè уште не се соочиле со фактот дека не се сексуално компатибилни со својот партнер.

Ако сонувате трета дојка

Сонот во којшто гледате трета дојка тоа значи многу нешта. Ако, на пример, маж сонува жена со три дојки тоа значи дека емоционалното незадоволство сака да го компензира со материјални нешта. Веројатно немате многу среќа во љубовниот и во пријателскиот однос, па себеси си купувате скапи нешта.

Доколку жена сонува дека има три дојки тоа имплицира дека треба да се занимава со односот со луѓето, прво со најблиските, а потоа и со околината. Поведете сметка за тоа како разговарате со домашните, колегите и пријателите, бидејќи вашите безобразни коментари често навредуваат драги луѓе. Ако не поработите на тоа, сосема е извесно дека ќе останете сами.

Ако сонувате дека немате гради

Ако жена сонува дека нема една или две дојки тоа имплицира дека се чувствува непосакувано.  Сигурно некое лошо љубовно искуство ве натерало да мислите така. Сепак, премногу рано сте се отпишале. Ако поработите на себеси, поради себе, а не поради другите, ќе се чувствувате среќно и задоволно, а тоа ќе резултира со поголем степен на привлечност со која ќе зрачите.

Кога маж сонува дека нема една или две гради тоа значи дека ќе мора да се откаже од она на што му се радува. Веројатно долго време сте го планирале годишниот одмор или дружењето со пријателите, па поради деловни или приватни обврски ќе мора тоа да го одложите.

Ако сонувате влакнести женски гради

Ваквиот сон за жени укажува на многу радости во иднина. Вие сте личност која животот ќе го преживее во здравје и веселба.  Нема да дозволите грижите и проблемите да ве деморализираат, туку во сето тоа ќе побарате нешто добро и позитивно. Вие сте пример за личност за која велат дека ќе живее сто години.

Доколку маж сонува влакнести женски гради тоа значи дека ќе се разочарате поради некого или нешто. Можеби ќе купите некоја скапа работа која нема да ги задоволи вашите очекувања, а можеби вашето разочарување ќе се однесува на драга личност.

Ако сонувате вештачки гради

За мажите овој сон со вештачки (силиконски) гради симболизира остварување на желбите, додека за жените значи непотребен трошок. Веројатно повторно во шопинг ќе потрошите повеќе отколку што сте планирале.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе или бакнувале женски гради тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за женски гради

Женски гради се жлезди кои се карактеристични за женскиот пол кои се наоѓаат на предниот дел од градниот кош.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg