Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Претрпена штета


Ако страдате од штета во вашиот сон значи дека ве очекува деловен успех на јаве.

Пречек

Ако дочекувате некого на сон тоа значи дека ви претстои мала непријатност.

Пријател

Ако го сретнете: неочекуван настан; ако јадете заедно: непријатности на повидок; ако го сонувате дека починал: ќе слушнете некоја важна новост.

Прислушкување

Ако сонувате дека прислушкувате некого значи неволја, мали расправии во куќата, срам, болест.

Пристаниште

Ако видите пристаниште во сон значи дека ќе одите на долг пат. Ако сонувате дека се влегувате на пристаниште, тоа значи дека ќе најдете мир и среќа.

Провалија

Ако ја погледнете: се плашите од нешто, вашата совест не е мирна; ако паднете во бездната: болест; ако турнете некого: голема неволја ќе ве престигне; ако скокнете во неа: со вашите постапки се изложувате на смртна опасност; ако ги видите другите како скокаат: ќе се изложите на непријатности по туѓа вина.

Продавате нешто

Продажба на нешто во сон значи дека ќе остварите мал профит во реалноста.

Продавница

На сон предупредува на неуспеси во тргување, трошоци.

Прозорец

Во сон, отворен прозорец е симбол на добра вест, додека затворениот значи кавги, непријатности.

Проја

Ако сонувате дека јадете проја значи дека сте здрави. Движете се повеќе и вежбајте.

Пролет

Ако сонувате пролет значи дека ќе слушнете добри вести од драга личност.

Проститутка

Ако сонувате проститутка, сонот ве советува да бегате од неа во реалноста, во спротивно ќе имате љубовни расправии.

Протеза за заби

Ако видите: ви се зголемува самодовербата. Ако носите: некој ќе ве исмејува и посрами.

Професор

Ако го видите: ќе страдате поради непромисленост; ако разговарате со него: вашите можности се нормализираат.

Прстен

 Ако добиете прстен во сон, тоа подразбира дека ве убедуваат да стапите во брак.

Путер

Јадење: мала кавга со пријателите; правење: удобен живот; купување: троши помалку ако не сакаш да пропаднеш.

Пушење

Ако пушите во сон значи дека ви претстои пријатна посета, благосостојба.

Пушка

Полна пушка значи добар знак за сè што ќе започнете, некој ќе ве заштити, додека празна значи дека вашата желба нема да се оствари.

Пцуење

Ако чуете дека некој пцуе: ќе ве снајдат неприлики, ќе доживете срам;, ако пцуете некого: ќе се налутите на жена или љубовница односно маж или љубовник.

Пчели

Ако видите пчели во вашиот сон значи добивка, успешна година, додека ако убиете пчела предупредува на несреќа, загуба на јаве.

Пченка

Необрана: успешна работа; ако ја берете: мирен и среќен живот; ако ја чистите: веселба низ шега; ако мелете: ќе измамите некого.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg