Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Слаб човек


Ќе те обземат грижи и неволји, па ќе се вразумиш.

Славење

Ќе ви се исполнат желбите. 

Сладок пијалак

Ако сонувате дека пиете нешто слатко значи дека ќе бидете разгалени од партнерот.

Сладолед

Ако сонувате дека јадете сладолед ве предупредува да се вардите од нечесни познаници.

Слама

Сламата во соништата симболизира мизерија, сиромаштија, опасност, страв во реалноста.

Сламка

Доколку видите или користите сламка во сон значи дека можеби сте земале некои работи здраво за готово.

Слана

Сонување слана е закана дека твоите надежи се залудни.

Сланина

Јадењето сланина во сон предупредува на болест, клевета, додека топењето го симболизира убавото и радосно утре.

Слаткарница

Ако видите слаткарница во сон значи дека ќе ви биде здодевно на јаве.

Слатки

Ако сонувате дека јадете слатки укажува на ласкање, измама, полтронство.

Слеп човек (слепило)

Ако сте слеп на сон тоа означува загуба на саканата личност на јаве. Ако сонувате слеп маж, ви претстои среќа на коцка. Ако видите слепа жена, следи големо озборување и трач.

Слепо животно

Кога на сон гледате слепо куче тоа е предупредување на неуспех во работата со која се занимавате.

Сливи

Ако видите сливи: радост, богатство, добивка; ако јадете сливи: болест, солзи, љубомора; расцветано дрво: бакнување, среќа во љубов; зелена слива: кавга, здодевност, депресија, интриги.

Слика

Ако сонувате позната слика симболизира пријатни искуства, а непозната предупредува на неуспех, лутина, озборувања.

Слон

Ако видите слон во сон значи дека ќе се случи нешто што не сте очекувале.

Слуга

Да се ​​биде слуга во сон симболизира просперитет во реалноста.

Слушалки

Ќе го остварите тоа што го посакувате. 

Смеење

Ако се смеете во сонот предупредува на лутина, грижи, жалост, тешкотии.

Сметки

Ако сонувате дека плаќате данок или сметки, тоа е предупредување дека ќе имате големи трошоци.

Смоква

Јадењето смокви симболизира љубовни интриги, ќе се збогатите.

Смокинг

На повидок е голем успех во кариерата.

Смола

Ако видите смола во сонот значи дека ќе страдате од љубовни маки.

Смрдеа

Можеби треба да си пронајдете ново друштво.

Смрт

Ако сонувате дека сте виделе нечија смрт означува долг живот на јаве.

Снаа

Ако сонувате снаа, следуваат кавги, расправии, несреќи.

Снег

Ако видите: тага, сожалување, расеаност; ако падне: радост, веселба; многу длабок: непријатни спомени; ако се стопи, паѓа: доаѓаат подобри времиња.

Соба

Голема: ќе откриете нешто; мала: не брзајте со одлуки; празна: конкуренцијата ве чека да направите грешка; ако се прикрадете во собата: ќе имате мали проблеми.

Сол

Ако видите сол во сон, тоа симболизира среќа. Можно е секоја активност што ќе ја започнете во наредниот период да биде успешно завршена.

Солзи

Ако ги видите своите или солзите на некој друг човек во сон укажува на тоа дека ќе се радувате на јаве.

Сон во сон

Откажете се од желбите.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg