Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Телескоп


Ако на сон видите телескоп, тоа значи дека сте сомнителни околу финансиските можности на семејстовото.

Телефон

Гледање телефон значи дека ќе чуете неважни вести; повикување на телефон во сон предупредува на грижи, итни работи; примање повик значи дека ќе слушнете некои вести.

Телефонирање

Телефонирање во сон значи дека те очекуваат итни работи.

Тело

Ако сонувате поедини делови од вашето тело, тоа е знак да обрнете повеќе внимание на истите.

Темел на куќа

Темел на куќа во сон е симбол за добивка, веридба, семејна веселба на јаве.

Темјан

Сонување темјан значи дека на твоите грижи им доаѓа крај.

Темјанушка

Сонување темјанушка означува среќа во љубовта, пријатни спомени, не очекувај многу од другите.

Темнина

Ако се најдете во темнина: болест, зли времиња; талкање во темнина: те чекаат  неволји; излегување од темнина: среќно избегната опасност.

Температура

Температура на сон е лош знак.

Тенк

Гледање тенк во сон значи да не се расправате со некој посилен од себе.        

Тепање

Предупредување за неизбежна штета.

Тепих

Тепих во соништата  ја означува суровата реалност на животот, а во исто време нуди некаква удобност.

Тепсија

Празна тепсија во сон означува штета, кавга; полн е симбол на нова љубовна, вонбрачна врска што ќе ви се случи наскоро.

Терапевт

Ќе доживеете успех на деловно поле.

Тераса

Тераса на сон воглавно е знак на некои успеси и падови.

Термометар

Сон во кој користите термометар е знак за проблеми во семејството.

Термос

Ако сонувате термос, тоа значи дека некому ќе се доверите за некоја сериозна работа.

Термофор

Ако во сон цврсто држите термофор, очекувајте проблеми врзани со циркулација, а освен тоа и со срцето и притисокот. 

Термоцентрала

Уморни сте и потребен ви е подолг, квалитетен одмор. 

Терорист

Терорист на сон е закана за опасност.

Тест

Ако се подготвувате за тест на сон, во реалноста значи дека ќе преземете некој важен чекор.

Тест за бременост

Соновите со тест за бременост најчесто се јавуваат кај идните мајки или жените кои сакаат да имаат деца, но и кај идни татковци и мажи кои сакаат да создадат семејство (иако кај мажи е поретко).

Тестамент

Сонување дека правите тестамент значи дека животот ви се продолжил.

Тестенини

Доколку во вашите соништа јадете тестенини, тоа означува љубовни интриги.

Тесто

Сонување тесто предупредува дека наидуваат мали пречки, несогласувања во бракот.

Тетка (тетин)

Да ги видите во сон значи дека ќе добиеш наследство или награда; разговарање, посетување: предупредува на кавги во домот.

Тетоважа

Соништата за тетоважи се вид на соништа кои честопати се поврзани со тоа на кој начин луѓето ве гледаат, како се однесувате кон нив и како се гледате себеси. 

Тетратка

Ако сонувате тетратка, ве очекува успех на професионален план. 

Тефтер

Ако на сон најдете тефтер, ќе откриете некаква тајна. 

Тешта (тест)

Гледање тешта/тест во сон значи дека ќе бидете соочени со неволји, расправии, проблеми, досада.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg