Даниел Кајмакоски – ѕвезда што блеска најсилно на „Х – фактор“!

Последен настапи, прв помина во следната емисија. Даниел покажа каков Х-фактор носи во себе и успева сите да ги воодушеви и маѓепса со својот глас, став и настап.

daniel-kajmakoski-zvezda-sto-bleska-najsilno-na-x-faktor-01

Со фантастична изведба на One Love од U2 ја освои публиката и најголемиот број гласови. Симпатиите и овациите од неговите обожавателки се веќе насекаде проширени и се чувствуваат низ целиот Балкан.

Жељко е горд што е токму негов ментор и го прогласи за гордост на цела Македонија. За Кики Лесендриќ и Емина, Даниел е вистинско откровение кое го подигнува нивото на „Х-фактор“.

Покрај неколкуте забелешки, сепак Кристина го смета за ѕвезда од глава до пети.

Вообичаено скромен и благодарен, Даниел ја покажа својата приземност и великодушност и од зад сцената, прифаќајќи ги сите коментари и забелешки.

Со искреното признавање на тремата и благодарност кон сите негови фанови, поздравите до семејството и божиќните честитки, уште еднаш покажа дека знае како да допре до сите.

Она што е најпотребно е сите да го поддржиме, да гласаме со СМС - пораки за време на емисиите во живо и да веруваме дека може да успее да биде победник на првото издание на „Х – фактор Адриа“, бидејќи заслужува да биде светска ѕвезда.

Погледнете го уште еднаш неговиот настап:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg