X-фактор: Нови цени на смс - пораките за Македонија

Популарноста на „Х-фактор“ продолжува да расте, особено кај нас поради учеството на главниот фаворит, Даниeл Кајмакоски.

x-faktor-novi-ceni-na-sms-porakite-za-makedonija-01

Досега во продукцијата често стигнуваа поплаки дека цените на пораките за Македонија се многу високи.

Фановите не можеа секој вторник да испраќаат по 30 пораки со цена од околу 40 денари, односно 1200 денари неделно или 4800 денари плус на месечната сметка.

Затоа, од продукцијата на „Х-фактор“ решија да ѝ излезат во пресрет на македонската публика, која веројатно уште долго ќе испраќа најголем број пораки, па ја намалија цената речиси на половина.

Од овој вторник, 4. февруари, корисниците на мобилните мрежи Т-Mobile, One и Vip на бројот 141345 ќе може да го испраќаат редниот број на својот фаворит, по цена од 23,6 денари.

Од оваа емисија право на глас ќе имаат уште две балкански земји, Хрватска и Словенија, кои немаат свои учесници, но имаат свои фаворити.

Редните броеви на натпреварувачите се менуваат во секоја емисија, според редоследот на настапите.

Следете го шоуто во вторник, на Сител телевизија од 21:00 часот и гласајте за својот фаворит.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg