Лорин пристигна во Белград! Гледајте ја вечерва на „Х-фактор“

Популарната шведска пејачка Лорин вечерва ќе настапи како специјална гостинка во ревијалниот дел за време на гласањето на петтото Live Show.

lorin-pristigna-vo-belgrad-gledajte-ja-vecerva-na-x-faktor-01

Таа синоќа пристигнала со својот тим во Белград, а веќе на аеродромот ја дочекале бројни новинари за кои таа позирала неколку минути.

„Ветувам добра забава за гледачите на „X-фактор“! – рекла видно расположената Лорин.

Како што се дознава, победничката на Евровизија целиот денешен ден ќе го помине работно, со проби, а вечерва во шоу програмата ќе испее 2 свои песни.

lorin-pristigna-vo-belgrad-gledajte-ja-vecerva-na-x-faktor-1

Финалистите на „Х-фактор“ се воодушевени од фактот дека ќе се сретнат со оваа музичка ѕвезда, а сигурно и Жељко Јоксимовиќ ќе помине некое време со неа, со оглед на тоа што се знаат уште од 2012 година кога настапуваа на Евровизијата во Азербејџан.

По вечерашното шоу ќе се одржи Вип забава на која може да настапуваат и оние натпреварувачи кои испаднаа во претходните емисии.

Фифи веќе се пофали на својот профил дека ќе настапува на иста сцена со популарната Лорин!

lorin-pristigna-vo-belgrad-gledajte-ja-vecerva-na-x-faktor-2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg