X-фактор: Даниел ќе ја пее „Wake me up“ од Авичи

На вечерашното петто по ред Live Show на „Х-фактор“ темата на вечерта се денс аранжмани на избраните песни кои ќе ја раздвижат атмосферата во публиката и ќе го забрзаат ритамот.

x-faktor-daniel-ke-ja-pee-wake-me-up-od-avici-01

Досега веќе се дознаа песните на „4U“, „Доктори“ и Тамара кои ќе имаат и интересни сценски настапи.

Даниел, пак, настапува седми по ред и ќе го пее големиот хит на Авичи „Wake me up“ со кој се очекува да ја крене публиката на нозе и да има супер раздвижен сценски настап.

Веруваме дека повторно ќе успее да ги освои симпатиите и гласовите на публиката и да приреди вистинска забава!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg