Без грешка: Даниел Кајмакоски подобар и од оригиналот (видео)

Веќе не се изненадуваме од неговите настапи. Се навикнавме дека секојпат дава сѐ од себе и тоа го прави на најдобар можен начин во секоја смисла.

bez-greska-daniel-kajmakoski-podobar-i-od-originalot-01

Не се плашиме дека ќе биде дел од дуелот за спас и веруваме дека е еден од оние со најмногу гласови.

Да не го подречеме, но само некој што нема никакво чувство за музика и квалитет може да му најде маана на Даниел.

По петти пат покажа дека каква песна и да избере знае да ја презентира на свој оригинален начин и тоа да биде подобро од оригиналот.

Не само што добро пее и добро изгледа, туку знае и добро да се движи по сцената. Како што и самиот вели, важно е за еден пејач да знае да ја пренесе емоцијата не само со гласот, туку да ја изведува и со својот говор на телото.

Токму тоа го покажа Даниел со денс хитот „Wake me up“ – oд Авичи. Ја размрда и возбуди целата сала.

Жирито само со пофални зборови му се воодушевуваше како има светски глас, светски х-фактор и повторно не можеа да се воздржат, а да не покажат дека тој е и нивни фавoрит.

Погледнете го уште еднаш настапот на Даниел:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg