Урош од „Доктори“ со песна од Тоше настапил на музичкото шоу „Прв глас на Србија“

Денес го знаеме како дел од бендот „Доктори“ кои се едни од финалистите во „Х-фактор Адриа“, но тој и претходно имал слично искуство.

uros-od-doktori-so-pesna-od-tose-nastapil-na-muzickoto-sou-prv-glas-na-srbija-01

Урош е момчето од Нови Сад, со потекло од Македонија кое важи за еден од најшармантните и најзгодните во бендот.

Со својот глас и стас успеа да освои многу женски срца, а веројатно тоа не е ништо ново за него. Одамна е популарен и посакуван и тоа воопшто не го крие.

На една од аудициите во музичкото шоу „Прв глас на Србија“, со само неколку отпеани стихови од преубавата балада на Тоше, „Једина“, успеа да го освои жирито составено од Владо Георгиев, Александра Радовиќ и Саша Милошевиќ.

Погледнете го неговиот настап:

)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg