Х-фактор: Даниел, Маид и Александра на турнеја во Америка

Кики Лесендриќ заедно со групата „Пилоти“ заминува на турнеја низ Америка во мај, а на предлог од организаторот може да поведе и дел од финалистите на „Х-фактор“.

x-faktor-daniel-maid-i-aleksandra-na-turneja-vo-amerika-1

Со оглед на тоа што, тој како член на жирито, добро ги познава нивните гласовни можности и стилови, како најатрактивни ги издвоил Даниел, Маид и Александра Брковиќ.

Без разлика што изборот на победникот е на 23. мај, кој и да победи нема да влијае на одлуката за заминување.

Тоа е едномесечна турнеа на која Кики одлучил да ги поведе оние кои според него имаат најавтентичен глас, сите имаат меѓусебно тотално различен репертоар и одлични вокали.

Задоволство му претставува тоа што ќе може да им помогне уште на почетокот на кариерата и да им овозможи нивните гласови да бидат слушнати многу подалеку од овие простори.

Очигледно на Даниел наскоро му претстои и светска кариера.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg