Во април внимавајте што зборувате – Какво влијание ќе има секој ретрограден Меркур во 2024?

Во 2024 година Меркур ќе биде ретрограден трипати. На што треба особено да обрнете внимание и како да си ја испланирате годината за да ги избегнете негативните влијанија на планетата?

vo-april-vnimavajte-shto-zboruvate-vo-noemvri-ne-patuvajte-kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2024-01.jpg

Веќе на сите ни е јасно дека ретроградниот Меркур влијае негативно врз нашите животи, или, пак го користиме како изговор за сите непредвидени и несакани ситуации што ни се случуваат.

Изминатата 2023-та година ја завршивме со негативното влијание на планетата, а во годината што е пред нас Меркур ќе биде ретрограден трипати.

vo-april-vnimavajte-shto-zboruvate-vo-noemvri-ne-patuvajte-kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2024-02.jpg

Доколку сте од оние што веруваат дека ретроградниот Меркур може да ви донесе проблеми, забележете ги добро овие датуми во вашите календари за да бидете добро подготвени за тие периоди.

Во април размислете добро пред да кажете нешто

Меркур ќе биде ретрограден во периодот од 1-ви април до 25-ти април и планетата ќе се најде во знакот Овен.

Ова ќе биде период кога под влијание на темпераментниот и импулсивниот прв знак во Зодијакот, ќе мора да бидете внимателни што зборувате и како зборувате со другите.

Очекувано е во овој период да имате голем број недоразбирања и конфликти за неважни работи. Затоа ќе биде неопходно да се потрудите да останете смирени и да размислите двапати (или петпати) пред да кажете нешто.

vo-april-vnimavajte-shto-zboruvate-vo-noemvri-ne-patuvajte-kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2024-03.jpg

Во август заминете на одмор, можни се проблеми на работното место

Вториот ретрограден Меркур ќе биде во периодот од 5-ти август до 28-ми август.

Со оглед на тоа што овој пат планетата ќе се најде во знакот Девица, можете да очекувате повеќе проблеми на работното место.

Може да се случи вашите добропознати методи и тактики во работењето да не даваат резултат, а ќе биде неопходно и по двапати (или петпати) да го проверите тоа што сте го сработиле за да избегнете несакани грешки.

Ако сте од оние што веруваат во силното влијание на ретроградниот Меркур, најдобро ќе ви биде овој период да го резервирате за годишен одмор.

vo-april-vnimavajte-shto-zboruvate-vo-noemvri-ne-patuvajte-kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2024-06.jpg

Во ноември и декември не патувајте

Третиот ретрограден Меркур ќе биде од 25-ти ноември до 15-ти декември.

Со оглед на тоа што планетата ќе се најде во авантуристичкиот и бунтовен Стрелец, најдобро ќе биде во овој период да избегнувате патувања и ризични авантури.

Може да се соочите со голем број непријатности за време на патувањата.

Често губење на багажот и расипување на превозните средства со кои патувате, се само некои од непријатностите со коишто може да се соочите.

vo-april-vnimavajte-shto-zboruvate-vo-noemvri-ne-patuvajte-kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2024-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Годишен хороскоп за 2024: Рак Во 2024-та ќе имате можности за дополнителна заработка, но и непланирани трошоци...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Годишен хороскоп за 2024: Скорпија Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план, и благодарение на нек...
3 хороскопски знаци кои во 2024-та ќе патуваат најмногу Рибите треба да ја искористат првата половина од годината која ќе им биде особен...
Доаѓа ретроградниот Марс, кој со себе носи хаос – Кои 4 хороскопски знаци ќе ја завршат годината нес... Овен - Можни се бурни расправии кои нема да донесат решение за ништо. Кои други ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg