5 хороскопски знаци со најдобар моден стил

Можеби Рибите не се луди по мода, но тие се мошне креативни, а токму поради ова секогаш се истакнуваат со стилот.

5-horoskopski-znaci-so-najdobar-moden-stil-01.jpg

Кога станува збор за мода, некои луѓе не се премногу опседнати со облеката што ја носат, некои постојано следат трендови, а некои имаат свој уникатен стил по кој се препознатливи.

Кои хороскопски знаци имаат најдобар моден стил?

Бик

Биковите секогаш се облекуваат според најновите модни трендови.

Навикнати се на луксуз, па не би ги виделе во едноставна комбинација од маичка и фармерки, освен ако не станува збор за дизајнерски парчиња.

Имаат посебни комбинации за секоја сезона од годината, а се и мошне вешти во комбинирањето на облеката.

Сакаат да привлечат внимание во стилот, па честопати носат и посмели комбинации.

Лав

Очигледно, на листата мораат да се најдат и Лавовите кои сакаат сите очи да бидат вперени во нив.

Во нивниот гардеробер можете да најдете навистина одлични парчиња и тие се експерти за мода – можат да направат одлична комбинација и со наједноставна облека.

Сакаат смели парчиња со кои ќе се истакнат над другите, а обожаваат да носат и дизајнерска облека доколку можат да си ја дозволат.

Но, сепак, повеќе предност му даваат на квалитетот отколку на брендот.

5-horoskopski-znaci-so-najdobar-moden-stil-02.jpg

Вага

Вагите се облекуваат за да ги импресионираат другите.

Многу се грижат за својот изглед, па вложуваат многу пари и време ова него.

Сакаат дизајнерска облека, но воопшто не им пречи да купуваат и од непознати брендови или на старо, сè додека знаат дека ќе изгледаат добро.

Обично им даваат предност на пастелните нијанси и нивниот стил може да се опише како класичен и отмен.

Водолија

Водолиите се трендсетерите во зодијакот.

Тие не следат правила, уште помалку трендови, и ја носат облеката што нив им се допаѓа.

Креативни се и имаат изградено сопствен стил, па секогаш се истакнуваат со своите комбинации.

Не е реткост во нивниот гардеробер да ги најдете најуникатните парчиња облека и модни додатоци кои дефинитивно нема да ги најдете во вообичаените продавници за облека.

Риби

Иако можеби не се луди по мода и трендови, Рибите се мошне креативни.

И, токму поради ова, скоро секогаш се истакнуваат со стилот.

Тие сакаат да експериментираат со разни бои, принтови, материјали и стилови.

Интересно е што се чувствуваат најудобно во смели комбинации кои ја прикажуваат нивната уникатна природа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со што ги нервирате пријателите, според хороскопскиот знак? Близнаци - површни се и можат со часови да зборуваат само за себе и своите интер...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg