Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа)

Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни, смирени, строги личности на кои можете да се потпрете и да им се доверите.

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-emotivnata-stabilnost-skorpiite-se-cvrsti-kako-karpa-01.jpg

Емотивната стабилност е последица на тоа како го перципираме животот од животните искуства и начинот на којшто сме израснати, а според астролозите, влијание има и хороскопскиот знак.

Хороскопските знаци што се емоционално силни се флексибилни, издржливи и горди кога се справуваат со подемите и падовите во животот, а според астролозите може да се направи ранг-листа врз основа на нивната издржливост.

Погледнете каде се наоѓа вашиот хороскопски знак на листата:

Скорпија

Важат за емотивно најиздржливите луѓе, кои се цврсти како карпа.

Тие се мошне страсни луѓе, кои ги чувствуваат туѓите емоции и имаат добра интуиција и способност да ја предвидат иднината.

Не им е страв да се справат со најдлабоките емоции, а потоа имаат способност да се воздигнат како феникс и да не дозволат ништо да ги допре.

Треба да се знае дека истовремено, Скорпиите се меѓу најемотивните знаци во хороскопот, но знаат добро да ги скријат своите чувства под фасада на цврстина и да ве натераат да им поверувате дека не им е грижа и дека воопшто не ве сакаат.

Бик

Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни, смирени, строги личности на кои можете да се потпрете и да им се доверите.

Важат за луѓе што поседуваат неверојатна сила во себе, а кога ќе наумат да направат нешто, никој и ништо не може да ги премисли.

Најважно од сè е тоа што се мошне тврдоглави, па кога ќе решат нешто да направат, тие стануваат бестрашни и емоционално затворени.

Девица

Перфекционисти по природа, кои внимаваат на деталите и ги анализираат, но истовремено се и мошне организирани.

Нивна најсилна страна е тоа што знаат како да останат приземни и да не дозволат емоциите да ги разнишаат во нивните одлуки.

По природа се луѓе што сакаат да решаваат проблеми, а уживаат да им помагаат на другите. Тие најлесно учат како да се справат со сопствените емоции така што им помагаат на другите да ги согледаат сопствените чувства.

Водолија

Водолиите не се емотивни луѓе по природа и тие за сè сакаат да размислуваат логички.

Со други зборови, Водолиите не знаат што се силни чувства затоа што многу лесно знаат да се оградат од другите луѓе, а се сконцентрирани на рационалното размислување и објективната перцепција на работите.

Нивна најголема моќ е тоа што во секоја ситуација знаат како да се оградат емоционално, да ги согледаат работите објективно и секогаш да ја согледаат големата слика. Заради ова важат за емотивно стабилни и практични луѓе.

Стрелец

Препознатливи се по добрата смисла за хумор, вечниот оптимизам и авантурите. Тие знаат како секогаш да ја видат позитивната страна во секој проблем и да веруваат во позитивен исход.

На пример, Стрелците знаат како да ја прикријат сопствената агонија со добра доза хумор и многу често можете да забележите како се шегуваат на сопствена сметка, дури и во миговите кога се соочуваат со отказ, развод и други тешки ситуации.

Заради ова, важат за емотивно силни и издржливи луѓе, кои речиси никогаш ништо не ставаат на срце.

Рак

Важат за едни од најемотивните луѓе, но токму заради нивната силна интуиција и длабока емпатија, ова се мошне емоционално издржливи луѓе.

Во основа, заради тоа што се мошне грижливи и знаат како да им помогнат и да ги поддржат другите, тие стануваат посилни.

Преку грижата за другите, тие со текот на времето учат како да ги контролираат и сопствените, но и туѓите емоции.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg