Кој хороскопски знак е вашата врска?

Вага (23.09 - 22.10)

Во оваа врска сè се врти околу љубовта, уживањето на партнерите во разменувањето нежности, внимание и подароци. Секогаш внимаваат на чувствата и желбите на другиот.

Тие се заљубени, а заедничките романтични вечери и излегувањата им помагаат во одржувањето на страста. Овие партнери нема лесно да се впуштаат во расправии, па единствен проблем би можел да биде недостатокот на искреност и потиснувањето на фрустрациите.

Скорпија (23.10 - 22.11)

Ова е страсна и возбудлива врска во која искрат емоции. Од моментот кога се запознале, двајцата почувствувале силна сексуална привлечност, која ќе биде главниот фактор за опстанок на оваа врска. Сепак, честите караници, љубоморните сцени и изливите на посесивност би можеле на крајот да доведат дури и до прекин на врската, доколку двајцата партнери не покажат поголема толеранција.

Стрелец (23.11 - 20.12)

Врската започната во периодот на владеењето на ведриот Стрелец се темели на заемното почитување и разбирање. Партнерите не се оптоваруваат со љубомора и сомнежи и не се еден од оние парови кои секаде одат заедно. Личната слобода и независност, секако, се едни од важните карактеристики на оваа врска.

Јарец (21.12 - 19.01)

Оваа врска можеби не е исполнета со нежности, топлина и романтични гестови, но е стабилна и на партнерите им овозможува чувство на сигурност. Тие се почитуваат еден со друг и никогаш не започнуваат со караници, емоционални уцени и манипулации. Сите проблеми брзо и лесно ги решаваат. Ги ценат парите и сигурноста која им ја обезбедуваат. Сепак, би требало повеќе да се потрудат околу нежната страна на врската, за да не се изгуби меѓусебната блискост.

Водолија (20.01 - 18.02)

Оваа врска најлесно би можеле да ја опишеме како малку необична и многу интересна. Можеби на прв поглед се работи за луѓе кои не си одговараат еден со друг, но всушност се совршен пар. Отсуството на љубомора е одлична основа за воспоставување стабилен однос. Врската би можела долго да трае, доколку партнерите не би се „гушеле“ меѓусебно.

Риби (19.02 - 20.03)

Ако сте нежни, романтични и постојано барате изливи на љубов, ова е идеална врска за вас. Големата љубов и наклонетоста, кои партнерите ги чувствуваат еден кон друг се клучот на успехот. Оваа врска ќе биде исполнета со емоции, па и повремени драматизирања, но во суштина двајцата партнери ќе внимаваат на саканата личност и нема да им биде тешко повремено да се жртвуваат заради заедничката љубов.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg