Годишен хороскоп за 2014 година – Лав

Лавови, ќе има на што да бидете горди оваа година! Напорно работите, па во 2014та конечно ќе ги добиете наградите кои ги заслужувате. Ќе ви се отворат нови можности, луѓето ќе ја забележат вашата генијалност, а може и да добиете нова работна понуда за промена на кариерата. Но, не заборавајте дека покрај работните квалитети имате и блиски луѓе и односи. Одржувајте ја рамнотежата во животот!

godisen-horoskop-za-2014-godina-lav-01

Работа и пари:

Годишниот хороскоп за Лав покажува дека 2014 година ќе ви започне бурно. Промени, признанија, внимание...сите работи за кои Лавовите живеа!

Ваквиот успех ќе продолжи во текот на целата година, што е добро, затоа што имате нови идеи за продолжување на проектите кои ги запоставивте во последно време.

Започнувањето на нова работа или подобрување на старата може да ви донесе голем успех каков што не сте ни замислувале.

Најдобар совет за 2014 година е да продолжите да барате нови можности, затоа што можете да добиете многу. А, ако нешто не оди како што треба - не губете време.


Љубов, семејство, пријатели:

Лавовите се кралеви на драмата. Имајте го ова на ум ако вашата врска има тежок период на почетокот на 2014та.

Потешко е да ги сакаме другите, ако трошиме премногу внимание на самите себе. Задолжително посветете повеќе време на саканите личности. Светот не се врти околу вас!

Годишниот хороскоп за 2014 година покажува дека луѓето нема многу да сочувствуваат со вас и дека вашата врска ќе има потешкотии во првата половина од годината.

Ќе мора да се потпрете сами на себе доколку сакате да ги решите проблемите. Или уште подобро, не ги зголемувајте работите. Ако постои проблем, решете го и продолжете понатаму.

Вашите позитивни реакции и однесување ќе ви донесе многу поголемо внимание и поддршка од вашите родители, пријатели и сакани личности.

godisen-horoskop-za-2014-godina-lav-02

Здравје:

Витални и моќни, идната година ќе ве служи одлично здравје. Јадете здрава храна, вежбајте и опуштете се што повеќе можете.

Одморот е клучен во 2014та година. Ќе ви се случат толку многу работи и ќе бидете во искушение да го прескокнете одморот и вежбите, но во последен миг ќе се сетите дека откажувањето не е ваша карактеристика.

Сепак, запаметете дека најважна е умереноста во се што правите!

Позната личност во знакот на Лав - Мила Кунис

godisen-horoskop-za-2014-godina-lav-03

Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg