Емотивните потреби на секој хороскопски знак: Рибите имаат потреба од разбирање, а Лавот од внимание
На земјените знаци најважна им е сигурноста, водните знаци се жедни за љубов и прифаќање, огнените сакаат да се истакнат, додека воздушните сакаат љубовни предизвици.
Кои се емотивните потреби на вашиот хороскопски знак?
Овните имаат потреба за движење и предизвици
Припадниците на овој огнен знак имаат потреба од активности исто колку и од воздух. Тие се изразуваат низ акциите, а предизвиците за нив се секогаш добредојдени. Ако не се први, а напорно се трудат, се чувствуваат поразено и фрустрирано. Не се емотивно најзрели, па нивните емоции знаат да се променат зависно од денот или моментот. Не поднесуваат кога партнерот се меша во нивните лични одлуки.
На Бикот му е потребна сигурност, а не само зборови
Припадниците на овој земјен знак најмногу се сконцентрирани на материјалниот сегмент од животот, па затоа не сакаат ментални игри, туку директни и искрени односи. Нивната најголема емоционална потреба е сигурноста, па ги ценат стабилните личности. Ги сакаат рутините и не сакаат кога плановите се распаѓаат. Конкретните дела им се поважни од бакнежите и нежноста во врската.
На Близнаците им е здодевно ако не се случуваат барем две работи истовремено
За припадниците на овој знак е типично тешко да се снаоѓаат со сопствените емоции, па многу време минуваат анализирајќи ги. Затоа што се најпроменливиот знак во зодијакот, најдобро функционираат ако околу нив се случуваат повеќе работи. За разлика од Биковите, Близнаците се вадат од кожа кога ќе почувствуваат дека љубовната врска западнала во рутина.
Ракот се чувствува најдобро кога се грижи за некој
Овој хороскопски знак е најемотивниот, па неговите припадници е најлесно да ги повредите. Кога се повредени, тие не знаат и не планираат да ги кријат чувствата. Сакаат допири, комплименти и пофалби, а најдобро се чувствуваат во хармоничните врски и семејното опкружување. Важно им е да имаат некој за кого ќе се грижат, затоа што се жедни за блискост.
На Лавот му е важно да привлече внимание
Припадниците на овој знак имаат потреба да го привлечат вниманието. Често претеруваат во изразувањето на емоции, а за да бидат среќни потребни им се незаборавни забави. Стануваат великодушни ако чувствуваат дека се ценети, а најдобро се чувствуваат кога ќе забележат дека се незаменливи.
Девиците се задоволни кога ќе постигнат нешто големо
Припадниците на овој знак се големи работници и сакаат да им угодуваат на другите, а најзадоволни се ако околината е свесна за нивната вредност. Секогаш им е потребно нешто за што деноноќно ќе размислуваат и анализираат, затоа што во спротивно ќе им стане здодевно. не сакаат претерано искажување на емоции, па своите солзи и среќата често ги кријат од сите. Очајно посакуваат да се чувствуваат корисно.
Уште 6 знаци на следната страна...