Годишен хороскоп за 2015 година - Бик

За оние кои се родени во знакот на Бик, 2015 година ќе биде во знакот на кариерата и работата, заради што основните карактеристики на Биковите, како стабилност, упорност и трпение повеќекратно ќе им се исплатат.

godisen-horoskop-za-2015-bik-01

Истовремено, 2015 година ќе биде време кога ќе мора да донесете тешки и важни одлуки во врска со својата иднина.

Вложените напори и трудот ќе ви се чинат залудни, но во втората половина на 2015 година ќе се покаже дека сиот труд и тоа како ви се исплател.

Во текот на целата година  ќе ви се раѓаат нови идеи кои ќе ви овозможат приближување до остварување на соништата од кои никогаш не сте се откажале.

Можни се периоди на зголемен замор, безволност и пасивност, но вашата упорност и сила ќе ви помогнат да ги надминете сите препреки на патот до целта.

Работа

Работните активности во наредната 2015 година ќе имаат позитивен предзнак, но и бавно одвивање.

Иако извршувањето на работните задачи ќе ви станува сè подосадно и еднолично, сепак ќе го давате својот максимум за да ги исполните, а на крајот тоа ќе ви се исплати повеќекратно.

Особено ви е важна тимската работа за решавање на некои дилеми. Вашата концентрираност и преданост на работата ќе одигра значајна улога во вашиот професионален напредок.


Љубов

За вас 2015 година ќе биде во знакот на будењето и страсниот однос со партнерот. Ќе бидете повеќе заинтересирани и вклучени во домот, љубовта и семејството, отколку во работата.

Многу е важно да се напомене дека ќе мора да внимавате на вашето его, гордоста и самопочитта за да не си ја загрозите емоционалната врска со партнерот.

Согледајте ги грешките кои сте ги направиле во минатото и извлечете поука за да не ги повторите.

Ќе се соочите со ситуации кога е можно да бидете малку повеќе вовлечени во светот на фантазијата, но секогаш треба да бидете подготвени да ги отворите очите и да се разбудите приземни.

godisen-horoskop-za-2015-bik-1.jpg

Финансии

Во текот на 2015 година ќе мора да бидете подготвени и да очекувате значаен прилив на финансиски средства со напомена дека треба да бидете уморени во трошењето.

Немојте непотребно да купувате и контролирајте го вашиот потрошувачки инстинкт така што ќе го ограничите купувањето само на оние  работи кои ви се неопходни.

Во текот на последните месеци од 2015 година ќе се одлучите за голем финансиски трошок за решавање на станбеното прашање или превозот.

Внимавајте и избегнувајте финансиски измами и верувајте му само на семејството и блиските пријатели кои се секогаш покрај вас.


Здравје и енергија

Здравствената ситуација во 2015 година ќе ви биде многу променлива и нестабилна, што значи дека еден месец ќе се чувствувате одлично, а веќе следниот ќе бидете во лоша форма.

Со цел да ја задржите потребната енергија и елан кои ќе ви бидат неопходни за извршување на секојдневните обврски, ќе мора да направите некои промени во врска со исхраната, за да не се чувствувате заморно, пасивно и безволно.

Ви се препорачува одредена балансирана диета во текот на целата година. Можен е ризик од инфекции.

Настојувајте животниот простор и работното опкружување да ги одржувате чисти за да ја намалите изложеноста на инфективни заболувања.

Би можело да ве интересира:

Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љу... Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg