Идеален веренички прстен според хороскопскиот знак

Вага

За жените кои се родени во овој знак важи правилото дека се едноставни и дипломатски настроени. Секогаш тежнеат да ја исправат секоја неправда, смирени се и праведни. Тие се креативни, интелигентни и сакаат промени.

Прстенот со крушкаст облик со неочекуван изглед е одличен избор кој совршено прилега на вагите.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-07.jpg


Скорпија

Скорпиите на прв поглед изгледаат како смирени личности, но под нивната површина се крие цврста личност која е полна со страст и емоции. Сакаат да го знаат одговорот на секое прашање и не се срамат да поставуваат секакви прашања. Скорпиите се посветени и лојални личности кои сакаат да доминираат.

Нема ништо подобро од дијамантот во облик на срце со кој ќе и ја покажете вечната љубов на оваа личност.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-08.jpg


Стрелец

Жените родени во овој знак се позитивни и срдечни. Често се чини дека се родени под среќна ѕвезда и дека среќата нив ги прати цел живот. Љубопитни се и целиот свој живот го поминуваат во сонување за прекрасна иднина. Фокусот им е на позитивната енергија и избегнуваат негативни луѓе.

Прстенот од чисто бело злато украсен со син сафир е идеален избор за дамите родени под овој знак.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-09.jpg


Јарец

Јарците се многу амбициозни и за нив важи правилото „трипати мери, еднаш сечи“. Не се впуштаат во ниту една ситуација без добро да размислат. За жените кои се родени во овој знак идеален партнер е оној кој ужива во предизвици, бидејќи не влегуваат лесно во врска.

За жената која е моќна и се стреми кон успех, идеален камен е смарагдот.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-10.jpg


Водолија

Жените родени во овој знак не неконвенционални и нив ги стимулира интелигенцијата. Работите ги согледуваат од сите агли и сакаат нови искуства. Овие личности често се на лидерски и менаџерски позиции поради своите вербални способности.

За овие моќни личности најдобро е да одберете прстен од бело злато на чиј врв се наоѓа дијамант во необичен облик.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-11.jpg


Риби

Рибите се интуитивни и мирни личности кои ги интересира спиритуалното, но пред се тие се личности кои се полни со разбирање за другите. Избегнуваат расправии во секоја смисла на зборот и често сакаат да фантазираат за да побегнат од реалноста.

За овие жени кои се секогаш среќни и убаво расположени изберете прстен од бело злато со необичен дизајн.

idealen-verenicki-prsten-spored-horoskopskiot-znak-12.jpg



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg