Како изгледа свадбата на секој хороскопски знак?

Се запознавате, се вљубувате, созревате заедно и еден ден ви станува јасно дека сте го пронашле човекот на својот живот. Време е за свадба и ве убедуваат дека тоа е само уште еден обичен ден со љубовта на вашиот живот, но дали е навистина така?

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Како изгледа прославата и невестата за време на овој ден според хороскопскиот знак?

Овен

Со расположение и однесување на вистинска дива, Овенот ќе го резервира најголемиот и најлуксузниот простор за прославата. Сите очи се вперени во невестата Овен, додека таа сјае со храбра фризура и совршена шминка. Професионални фотографии, луксузна свадба, цвеќиња во изобилство, а не е исклучен ниту гламурозниот фустан кој се влече неколку метри по невестата. Поклонете ѝ се сите на невестата Овен.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-2.gif

Бик

Како вистински приврзаници на домот и семејството, свадбата на Бикот е во знакот на традициите кои мора да се испочитуваат. Поканети се сите роднини и VIP личности во уредно наместен простор за прославата, која може да заземе место во огромен парк или елегантна винарија. Храната мора да е вкусна и да изгледа уште подобро. Зборот штедење е забранет за време на најважниот ден на хедонистичкиот Бик.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-3.gif

Близнаци

Самото сознание дека немирните Близнаци се врзуваат со некого за цел живот уште толку ја разбранува нивната темпераментна природа. Се изнајмува модерен и урбан простор за забава со многу коктели и одличен диџеј. Забавата трае неколку дена и потсетува на „Ивкова слава“ бидејќи никој од гостите не сака да си замине од најлудата журка.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-4.gif

Рак

Интимна церемонија е резервирана за нежниот и чувствителен Рак, кој не сака да ги покажува своите емоции во јавност. Подалеку од љубопитните очи и злите јазици, со многу романтика и понекоја солза, Ракот се заколнува на вечна љубов. Следи перфектна мала забава со интересен избор на морска храна во огромниот простран двор на Ракот, украсен со „Направи сам“ декорации, која изгледа шик и по малку винтиџ.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-5.gif

Лав

Горделивиот Лав обожава театралност и да е во центарот на вниманието, а свадбената церемонија по малку наликува на гламурозен циркуз, во позитивна смисла. Венчаницата е скапа и впечатлива, а следува и „after party“ со рок бенд, магионичар и уште многу други изненадувања. Особено се радуваат кога гостите си заминуваат со коментарот: „Досега не сме биле на ваква прекрасна свадба“!

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-6.gif

Девица

Перфектна мала свадба која вклучува кратка и едноставна церемонија со матичар под отворено небо е изборот на Девицата. Многу бела боја, нежни цветови, сијалички и декорации во совршен ред и симетрија. Сепак, ќе има многу фотографии од оваа романтична свадба и мора да се овековечи секој момент.

kako-izgleda-svadbata-na-sekoj-horoskopski-znak-7.gif

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg