Како секој хороскопски знак да се ослободи од насобраниот стрес?

Вага – Разговор

Знакот на партнерството секогаш сака да има личност од доверба во близина, на која ќе може да ѝ се исповеда и да се консултира кога стресот ќе започне да надвладува.

Вагите се високоинтелектуални и голем дел од времето го поминуваат во размислување и пронаоѓање решение за проблемите. Кога дискутираат со доверлива личност, тоа им помага полесно да го отплеткаат клопчето со проблеми, а нивото на стрес полека се симнува. Најдобрата терапија за нив е шолја чај и искрен разговор.

Скорпија – Секс и фантазија

Поврзувањето на духовното, емоционалното и физичкото е одлика на силните Скорпии. А постои ли подобар начин од сексот за ослободување од стресот? Кога сексот не е достапен како опција во моментот или не им е дојдејно баш до тоа, Скорпиите го скокнуваат физичкиот момент и се префрлаат на спиритуалниот – преку фантазирање. Со помош на нивната имагинација, тие го визуелизираат проблемот и позитивниот исход и на тој начин се репрограмираат за подобро утре, бришејќи го стресот како со гума.

Стрелец – Филозофија

Како последен огнен знак во Зодијакот, Стрелците копнеат да ја сфатат суштината на животот и никогаш нема да престанат да се прашуваат која е целта на човекот и неговото постоење. Овој знак е роден филозоф, кој со помош на своето длабоко анализирање и размислување ќе го пронајде своето сопствено и уникатно разбирање на светот околу него.

На тој начин, Стрелците ја создаваат својата заштитина позитивна аура. Кога стресот е на повидок, книгите и инспиративните цитати се нивниот спас, а неретко знаат да ги искажат своите мисли во личниот дневник.

Јарец – Планирање

Животот на неуморните Јарци е како искачување на планина, тие секогаш сакаат да напредуваат и да го гледаат патот кој се извива до врвот. Кога патеката е темна, а Јарецот несигурен за реализацијата на плановите, проблемите започнуваат да се трупаат. Па најдобар начин за ослободување од стресот е деталното планирање.

За Јарецот никогаш не е доволен еден можен одговор, тие секогаш кријат во ракавот повеќе решенија. Така најдобро се релаксираат, со краткорочно, но и долгорочно планирање во временска дистанца од 10 или 20 години.

Водолија – Позитивно размислување и сонување

Овој знак го води надежта, соништата и копнежот. Со еден збор, Водолијата е голем визионер. Таа нема време за секојдневната баналност. Кога е нервозна, се задлабочува во себе и сопствената визија за иднината. На тој начин се фокусира на позитивно размислување, а стресот испарува.

Најмногу сакаат да ги поврзуваат своите позитивни мисли со фотографии на табла која ќе им стои во непосредна близина и секогаш кога ќе им биде тешко, доволно е само да го насочат погледот кон визијата.  Тие исто така се одлични во групни активности, па дружбата им делува како лек.

Риби – Медитација

Сè што е возвишено е во фокусот на романтичните Риби. Како последен знак во зодијакот, Рибите се сумарен збир на одредени карактеристики на сите претходни хороскопски знаци.

Емпатични и чувствителни, понекогаш стресот и проблемите се пресилни за нивната кревка природа и желбата да се поврзат со остатокот од луѓето на спиритуално ниво. Најдоброто решение? Медитација. Таа им го прочистува умот и ги поврзува со внатрешната интуиција, започнувајќи да емитува бранови на смиреност и блаженство.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg