Хороскопот и мајчинството: Каков родител сте или ќе бидете според хороскопскиот знак?

horoskopot-i-majcinstvoto-kakov-roditel-ste-ili-ke-bidete-spored-horoskopskiot-znak-002.jpg

Вага

Вагите како родители се благи и толерантни. Лесно ќе им дадат многу работи на децата кои ги сакаат, бидејќи не се во состојба да се соочат со детските солзи и врескање.

Она што им е особено важно на родителите Ваги е да им го овозможат на децата најдоброто достапно образование. Релаксирани сте, па децата ќе бидат искрени со вас и ретко ќе кријат тајни.

Вие особено ја цените убавината и надворешниот изглед. Ќе сакате да ги дотерувате вашите малечки во совршени модни комбинации, додека тие ќе сакаат да „киснат“ во фармерки и тренерки.

Особено ќе сакате да изработувате „Направи сам“ проекти со децата. Ќе ги шетате децата во музеи и ќе се обидете да им всадите љубов кон концертни изведби и мјузикли. На сето внимание кое им го подарувате, ќе очекувате сличен третман за возврат, а кога нема да го добиете од децата, останувате „исцедени“ како лимони.

Скорпија

Стилот на Скорпиите како родители? Ќе им го исполнат времето на децата со секакви можни активности. Неуморно ќе ги носат на англиски, пливање, часови по клавир или танц.

Скорпиите сакаат балансиран живот, па нивните деца ќе уживаат во здрави оброци, физички активности и долг здрав сон. Го сакате времето поминато со семејството и обожавате кога сите сте на куп.

Кога децата почнуваат да растат и сакаат да поминуваат повеќе време со своето друштво, вие станувате по малку љубоморни. Понекогаш имате превисоки очекувања, па децата може да бидат под стрес. Повлечете се малку, доколку гледате дека децата се вознемирени и не можат да постигнат.

Не сакате премногу јавно покажување на емоции, но гушкајте ги своите деца секогаш кога ќе ви се укаже прилика.

Стрелец

Стрелците како родители се едноставно вљубени во животот. Она на кое најмногу се надевате е дека и вашите деца ќе ја наследат вашата страст и ентузијазам за патување и талкање, па ги вклучувате во што е можно повеќе авантури од мали нозе.

Честопати ќе се случува да им измислувате оправдувања на децата за во училиште, само за да патувате некаде, бидејќи сметате дека некои работи се поважни во животот од училишните активности.

Но, внимавајте. Овие навики може да ви се „треснат“ од глава и децата да не почитуваат никаков авторитет. Понекогаш се заборавате и ви се испуштаат пцовки и непријатни зборови пред децата.

Сепак, има некоја убавина и во традиционалниот однос помеѓу родителот и детето, а вие обидете се да пронајдете баланс помеѓу вашиот и овој стил на воспитување.

Јарец

Јарците се можеби едни од највредните знаци во Зодијакот и таквите трудољубиви навики се обидуваат да им ги пренесат и на своите деца. Тие сакаат нивните деца да бидат добро „потковани“ и образовани – од книги, филмови, музика, па сé до практични совети – како да си поправиш нешто сам во домот.

Немате проблем да им кажете „НЕ“ на децата. За вас воспитувањето е сериозна работа и така и му пристапувате.

Но, немојте да бидете претерано сериозни, со строги правила и нула смисла за хумор. Кога децата сакаат малку да си поиграат пред да ја пишуваат домашната задача, придружете им се во играта. Никој не сака да биде здрвен и престрог родител од кого децата ќе се плашат.

Водолија

Како родители, Водолиите се многу либерални, прогресивни и со отворен ум. Тие едноставно веруваат дека родителот и детето треба да се најдобри пријатели.

Ќе им раскажувате приказни на вашите деца од младоста и ќе сакате да имаат нежно и емпатично срце, секогаш подготвено за помош. Ќе ги поттикнувате да посетуваат фестивали на отворено, да шетаат што е можно повеќе, да се во допир со природата и да волонтираат.

Сепак, понекогаш ви недостасува малку емоционална интелигенција, бидејќи заборавате како се чувствуваат другите околу вас, особено децата. Верувајте им кога ви кажуваат како се чувствуваат и не ги занемарувајте нивните емоции.

Риби

Магичните Риби ги поттикнуваат своите деца да ја искажат својата креативност секаде каде што тоа е можно. Детската соба секогаш ќе биде еден креативен хаотичен простор, а Рибите ќе уживаат во насочувањето на креативна енергија и неретко ќе ги опишуваат децата како мали ангелчња.

Рибите, слично како и Вагите, се прилично попустливи родители. Но, мора да внимавате и да не им дозволите на децата да ви се качат на глава. По одредено време тие ќе почнат да го исмејуваат вашиот релаксиран став по секое важно прашање и ќе посакаат малку посериозен пристап и однос.

Децата на Рибите ќе го паметат своето детство исполнето со светлина, игра и многу љубов.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg