Постои тарот карта за секој хороскопски знак - Која е вашата?

Вага ( Праведност)

Оваа карта не само што ја претставува желбата на Вагата за еднаквост и фер, исто така ги учи како да се справат со светот кој не е фер. Оваа карта покажува жена со вага, која ги мери свои желби наспроти своите потреби и се чувствува заглавено. Треба да направите баланс за да можете да живеете во хармонија со вашите одлуки, а за да го направите потребниот баланс треба да се откажете од вашите строги дефиниции за тоа што е во ред, а што не, и да го прифатите фактот дека дури и вашите маани се перфектни на свој начин

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-8

Скорпија ( Смрт)

Картата на смрт не ја претставува буквално смртта на некоја личност, затоа немојте да се плашите. Оваа карта го претставува процесот на смртта и трансформацијата во нов живот. Го претставува скелувањето на вашата кожа за да бидете родени одново. Животот на Скорпиите е полн со трансформации. Можете да се чувствувате како да сте живееле многу животи во вашиот еден живот. Оваа карта ве поттикнува да продолжите да се движите во животот и да ги тргнете на страна луѓето и работите кои веќе не ви се од корист и само ве влечат наназад. Само на овој начин можете да го постигнете вашиот вистински потенцијал.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-9

Стрелец ( Воздржаност)

Картата на воздржаност е симбол на борбата на Стрелецот со неговите преостанати цели. Оваа карта ве советува да најдете заедничко тло, со тоа што ќе ги балансирате фактитете и вашето добро судење за тоа како всушност стојат работите. Пробајте да останете смирени кога поминувате низ пречки во животот со тоа што ќе ги присвоите без проблем сите потребни промени во вашиот животен стил со цел да успеете во вашите замислени цели.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-10

Јарец ( Ѓавол)

Јарецот е знак кој е многу ориентиран кон својот статус во општеството. Цело време го посветува на тоа да изгледа како се да му е средено во животот. Нивната тарот карта, Ѓаволот, ги охрабрува да се соочат со нивната темна страна и со нивната сенка. Внимавајте на вашата негативност, на вашите токсични верувања и искуства со цел да направите целосна духовна трансформација во личност каква што сакате да бидете.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-10 copy

Водолија ( Ѕвезда)

Оваа карта го претставува карактерот на Водолијата. Насликан како на сликата, со една нога во водата а една на копното, нивниот карактер е симболизиран како баланс помеѓу интуицијата и стабилноста. Ѕвездата горе во левиот ќош служи како потсетник дека на Водолиите не им е судено да се претопат со останатата маса. Иако тие поминуваат многу време настрана од гужви, тие исто така се истакнуваат со своите иновации и идеи.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-12

Риби ( Месечина)

Како знакот на Рибите, така и картата на Месечината е поврзана со соништа, идеализам и потсвест. Картата ги претставува паранормалните визии кои ги добивате во длабоко релаксирана состојба на умот додека спиете. Картата служи како потсетник за Рибите да ја слушаат внатрешната енергија на нивното тело, што реагира на околносите што им се случуваат со многу точна сензитивност. Ако чувствувате дека некое место е полно со лоша енергија, заминете си. Ако ја чувствувате позитивната енергија на местото тоа е знак дека треба да продолжите со вашите зацртани цели.

postoi-tarot-karta-za-sekoj-horoskopski-znak-a-eve-sto-veli-vasata-13

А. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој ви е најсреќниот ден од неделата, според хороскопскиот знак? Лавови, вашиот среќен ден е недела. Овој ден е владеен од Сонцето – небесното те...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg