За секој хороскопски знак: Кога е вистинско време за брак?

Вага

Вагите се едноставни и некомплицирани суштества. Не се љубители на големи свадбени веселби со многу гости. Попрво ќе ја крунисаат љубовта со партнерот во тесен круг на луѓе, и тоа без никакви проблеми во првата половина од дваесеттите, односно на возраст од 20 до 25 години.

za-sekoj-horoskopski-znak-koga-e-vistinsko-vreme-za-brak-5.jpg

Скорпија

Скорпиите се темпераментни и посесивни. Ако се во врска, го сакаат партнерот само за себе. Поради таквите особини, можно е предвреме да влезат во брачна заедница. Сепак, подобро би им било да се опуштат и си дадат себеси повеќе време, бидејќи за нив средината на 30-тите години е идеалното време за правење свадба.

Стрелец

Стрелците обожаваат да флертуваат и освојуваат. Тешко им е да се впуштат во сериозна врска и да се одат со некого на долги патеки. Пред да одлучат доживотно да се врзат за една личност, родените во овој знак сакаат добро да се изживеат. Кај мнозинството Стрелци, венчавката пред 35-тата година не доаѓа предвид.

za-sekoj-horoskopski-znak-koga-e-vistinsko-vreme-za-brak-6.jpg

Јарец

Како вистински фамилијарни луѓе, Јарците со нетрпение го очекуваат планирањето семејство. Поради тоа, родените во овој знак прилично рано се венчаваат – повеќето на почетокот од 20-тите години.

Водолија

Во споредба со останатите претставници на Зодијакот, родените во овој хороскопски знак најчесто не запливуваат во брачните води. Сакаат и потребна им е слобода.  Наместо да се досадуваат дома, тие деноноќно работат на остварување на своите креативни планови, а често и патуваат низ светот. Венчавката на мноштво Водолии ќе им се случи дури во 40-тите или 50-тите години од животот.

za-sekoj-horoskopski-znak-koga-e-vistinsko-vreme-za-brak-7.jpg

Риби

Рибите мразат да бидат сами, па често им попуштаат на своите партнери, многу повеќе одошто треба. Од друга страна, копнеат по идеална, совршена врска. Ако до 26-тата година пронајдат некој со кого сѐ функционира според нивните желби, тогаш им е вистинското време да стават печат на својата љубов.

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg