Со каков љубовен предизвик ќе се соочи секој хороскопски знак во 2018-та?

Новата година ќе донесе многу предизвици на секое поле за секој хороскопски знак.

so-kakov-ljuboven-predizvik-kje-se-soochi-sekoj-horoskopski-znak-vo-2018-ta-01.jpg

Но, со какви љубовни предизвици ќе се соочи секој хороскопски знак и како ќе се справи со нив?

Некој конечно ќе ужива во независноста, други ќе се двоумат за втора шанса, а трети ќе бидат опседнати со некого.

Дознајте каков љубовен предизвик ве очекува во 2018-та:

Овен

Годината ќе ја започнете со мисла дека не сте заинтересирани за љубовта и ќе ја нарекувате година во која конечно ќе уживате во независноста и слободата. Ова теоретски е одлично, но ако запознаете некој кој ќе ви одговара, не треба да го оттргнете од вас само затоа што 2018-та сте си ја замислиле за да бидете сингл. Не се откажувајте од врските целосно.

Бик

Ако не бидете внимателни ќе почнете да се уназадувате во 2018-та. Ќе дадете втора шанса на некого што не ја заслужува, само затоа што сте изморени од нови запознавања и љубовни состаноци, па мислите дека е подобро да влезете во врска со погрешна личност наместо да трошите време барајќи ја вистинската. Но, тоа е опасен пат – бившите се бивши со причина.

Близнаци

Во 2018-та ќе бидете во дилема и ќе треба да бирате помеѓу две личности. Ќе ви се допаѓаат двете поради различни причини, па нема да знаете со која да се врзете. Но, ако го оддолжувате процесот и никому не покажете дека ви е приоритет, може да ги изгубите двете личности. Ќе останете сами, затоа што сте си поигрувале со нив.

Рак

2018-та ќе ви донесе моменти на несигурност, во кои ќе се чувствувате како никој да не може да ви возврати на љубовта. Но, не смеете да дозволите сомнежот и стравот да ве увери дека сте недопадливи и несакани. Ќе најдете некој еден ден – или можеби веќе сте го нашле, но уште не сте свесни. Не очекувајте срцето да ви биде скршено.

Лав

Во 2018-та, ќе ги поставите целите на погрешна личност и наместо да ги чувате опциите отворени и за други, вие ќе се опседнете само со таа личност. Додека се обидувате да ја освоите, ќе изгубите шанси со други личности кои веројатно ќе бидат подобри за вас и ќе ви го дадат тоа што го заслужувате.

Девица

Претераното размислување ќе биде застапено и во 2018-та, исто како и во претходната година. Наместо да уживате во флертувањата со додворувачите, вие ќе им ги препраќате разговорите на пријателите. Наместо да оставите работите сами да се одвиваат, вие ќе го анализирате секој збор кој излегол од нивната уста. Ако не сте внимателни, ќе „излудите“ од психоанализи на личноста која ви се допаѓа и со тоа ќе ја избркате од вас.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg